1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

“Бан Ки Мун доаѓа во градот”

15 декември 2006

За разлика од генералниот секретар во заминување Кофи Анан кој во своите последни говори не штеди на критика за САД, неговиот наследник Бан Ки Мун се залага за тесна согласност со Вашингтон. Во преодниот тим на јужнокореецот Бан - кој синоќа положи свечана заклетва, а на новата должност стапува на 1 јануари – покрај Јужнокорејци, најмногу има Американци. По достоинствениот и сериозен Кофи Анан, изгледа дека

https://p.dw.com/p/Adur
Бан Ки Мун даде свечена заклетва во ОН
Бан Ки Мун даде свечена заклетва во ОНФотографија: AP

јужнокореецот Бан во ходниците на светската организација ќе внесе и хумористична нота. Рајнер Зитфелд известува.

“Моето име е Бан , а не Џејмс Бонд”, вака се претставува новиот генерален секретар на ОН, Бан Ки Мун. Уште од средината на ноември Јужнокореецот дејствува во седиштето на ОН, самоуверен ,а во меѓувреме и со доза на хумор. Поранешниот министер за надворешни работи кој како најголема доблест си ја припишува скромноста, зад кулисите веќе работи со мал тим советници што предизвика негодување кај 192-те земји членки, бидејќи тимот е составен само од Јужнокорејци и Американци. Но, тој за разлика од Анан има вистински преоден период па може до 1 јануари 2007 година да ја организира смената на својот врвен персонал.

“Како хармонизатор и оптимист можам да го направам тоа”, гласи краткиот одговор на Бан.

Бан за себе вели дека е пред предизвикан како “оптимистички хармонизатор”. Затоа што ќе го растргнат особено неговите поддржувачи – Вашингтон и Пекинг – кои сакаат да бидат наградени од новиот шеф на ОН за тоа што му помогна во изборот и откако блиските соработници на Анан ќе мораат да си заминат до крајот на годината.

Останатите од Европа до Африка, тогаш ќе видат, каде чука неговото срце. Се уште неговата агенда не звучи многу поинаку од онаа на Анан. Се разбира Кореанецот се гледа себе си како експерт за атомскиот спор со Пјонгјанг, и секако смета дека работите во Дарфур не треба повеќе да се одолговлекуваат. Шеесет и две годишниот шеф дипломат особено посебно внимание ќе му посвети и на Блискоисточниот конфликт. За иранскиот конфликт сака повторно да заживее Квартетот. Бан сака бродот на ОН да го направи поефективен:

“Мора да сториме повеќе за луѓето на кои итно им е потребна нашата помош”.

Од 38 кат на седиштето на ОН во Ист Ривер тешко дека ќе се пробијат големи реформи или само големи зборови. Сигналите кои ги испраќа Бан Ки Мун гласат - Силите и агенциите на ОН да се обединат, прастариот начин на информирање да се катапултира во 21 век, умереност наместо визии.

Конфронтација треба да биде непознат збор, но не и тврдоглавоста, вели самоуверениот нов шеф на светската организација:

“Кога е потребно, ќе бидам и груб, исто како што тоа сум го правел и до сега”

Уште сега е јасно дека дека во стаклената зграда на ОН во Њујорк ќе се зборува на еден поинаков тон. Така се најави и новиот генерален секретар:

“Бан Ки Мун доаѓа во градот”, отпеа Мун.