1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бан Ки Мун: одлагање на решението за Косово ќе има многу негативно влијание

10 јули 2007

*

https://p.dw.com/p/BEMU



„Одложување на решението за статусот на Косово ќе има негативно влијание во покраината и пошироко“, изјави денеска генералниот секретар на ОН, Бан Ки Му. Тој по средбата воБрисел со косовскиот претседател Фатмир Сејдиу рече дека се надева оти СБ наскоро ќе се договори околу новата предлог резолуција во која се предвидуваат 120 дена за дополнителни консултации за надминување на разликите меѓу Западот и Русија. „Секакво понатамошно одлагање ќе има негативно влијание врз мирот и стабилноста, не само на Косово, туку и на Балканот и во Европа“, изјави Мун.
И по вчерашните консултации во СБ САД и ЕУ останаа на ставот за брзо гласање на резолуцијата за Косово, додека Русија и Кина и понатаму се против секаква резолуција за која нема согласност од двете страни.