1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бан-Судан

30 мај 2007
https://p.dw.com/p/AntU

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун, ги повика САД и Велика Британија да ја повлечат одлуката за воведување дополнителни санкции против Судан. Бан смета дека е потребно дополнително време за да се убедат властите во Картум да им озвозможат на мировните сили на Африканската Унија да се распоредат во кризниот регион Дарфур. Американскиот претседател Џорџ Буш вчера ги објави новите санкции за Судан и им нареди на американските дипломати да подготват резолуција која ќе се проследи до советот за безбедност на ОН.