1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бан ја поздрави одлуката на Судан

17 април 2007
https://p.dw.com/p/AgDC

Генералниот секератар на ОН , Бан Ки Мун ја поздрави искажаната согласност на Судан за стационирање на трупи на Светската организација во кризниот регион Дарфур . Станува збор за многу позитивен знак-оцени Бан Ки Мун.Слична оценка изнесе и Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер. Тој сепак беше претпазлив:

Доколку не се потврди ова , и суданската влада не и излезе во пресрет на меѓународната заедница, тогаш ние за случајот и во Европа мораме да дискутираме дали заеднички со ОН или независно ќе се определиме за мерки на зголемен притисок врз Судан- истакна Штајнмаер