1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Барадеј со критика до САД

26 август 2007

*

https://p.dw.com/p/BXym

Директорот на меѓународната агенција за атомска енергија Мохамед Ел Барадеј ја критикуваше одлуката на САД да ги помогне во снабдувањето со оружје своите сојузници на Блискиот Исток. Ел Барадеј реагира на понудата на Вашингтон да му позајми на 10 години на Израел 30 милијарди долари за набавка на воена оперема. САД им понудиле воена опрема и на другиот нивен сојузник Саудиска Арабија. Целта на ваквиот чекор е да се создаде во регионот противтежа на Иран. “Фрлање уште пари на вооружување нема да помогне во решавањето на кризата”, изјави Ел Барадеј.