1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Барањата за азил во Германија зголемени за 50 насто

18 јануари 2011

Во Германија во 2010 е забележан пораст на барањата за азил за цели 50 %, кој во најголем дел се должи на обидите за миграции од Авганистан, Иран, но и на лажните барања од Србија и Македонија, соопшти германското МВР.

https://p.dw.com/p/zz1O
Фотографија: dpa zb

Бројот на поднесени апликации за добивање азил во Германија пораснал за 50 проценти во 2010-та, на вкупно 41,332 барања, соопшти министерството за внатрешни работи. Веќе трета година по ред растат барањата за азил во земјата. Најновиот пораст во најголема мерка се должи на инфлацијата на барања од Авганистан, Србија, Иран, Македонија и Сомалија, како и нешто помал број од Ирак.

Сепак, во текот на минатата година политички азил им бил одобрен на само 7.704 баратели, што претставува околу 16 проценти од вкупната бројка на поднесени барања.

Нешто повеќе од 2.600 луѓе добиле заштита од депортација, најчесто затоа што се соочувале со тортура или смртна казна во матичната држава. На најголемиот број луѓе, повеќе од 27 илјади, барањата им биле отфрлени.

Пораст на лажните барања

Германскиот министер за внатрешни работи Томас Де Мезие инсистира дека заштитата на бегалците и натаму е приоритет на државата.

Symbolbild Irakische Asylbewerber in Deutschland
Фотографија: picture-alliance / dpa/ DW Montage

„Политичките бегалци можат да бидат сигурни дека ќе најдат азил во Германија, доколку бидат прифатени како азиланти или бегалци согласно Женевската конвенција“, изјави Де Мезиер.

Но, тој додаде дека неговото министерство бележи огромен пораст на лажни барања за азил, пред се’ од Србија и Македонија.

„Ваквите лажни барања ќе бидат постојано и брзо отфрлани со цел да се минимизира должината на нелегалниот престој во Германија и да се намали притисокот врз државниот буџет“, изјави Де Мезиер.

Од организацијата за бегалци „Про азил“ објаснуваат дека една од причините за порастот на барањата за азил е ескалацијата на состојбата во воените зони како Авганистан, Сомалнија, и Ирак.

Фактот што на листата се наоѓаат и европски земји како Србија и Македонија од „Про азил“ го објаснуваат со екстремната сиромаштија, тешкотиите и социјалната исклученост на ромската заедница во овие општества.

Автор: Џоана Импи/Борис Георгиевски

Редактор: Симе Недевски