1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Барнс бара конструктивност од Скопје и Атина

25 септември 2007

*

https://p.dw.com/p/BjRS

Заменик државниот секретар на САД Николас Барнс по средбата со грчката министерка за надворешни работи Дора Бакојани изјави дека Вашингтон сака да го употреби своето влијание врз Скопје за да го придвижи кон компромисно решение во врска со спорот за уставното име, јави допосникот на Дојче Веле од Вашингтон. Барнс ги повикал двете земји на конструктивност во преговорите во ОН кои САД ги поддржуваат. Тој смета дека е дојдено време за решение на проблемот бидејќи е актуелна дискусијата околу барањето на Македонија за членство во НАТО. Инаку посредникот на ОН во спорот, Метју Нимиц, изјави дека нема нов предлог за решение на перашањето околу уставното име на Македонија.