Барозо врши притисок врз Унгарија
25 јануари 2012Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Барозо, по синоќешната (24.01.2012) средба со унгарскиот премиер Виктор Орбан порача дека eвропските закони мораат да се почитуваат. Тој, како што рече, му појаснил на премиерот Орбан што треба да преземе за да одговори на загриженоста на Комисијата во однос на правните прашања. Комисијата на 17 јануари отвори правна постапка и побара од Будимпешта одговори на низа прашања во врска со контроверзните закони за Централнатa банка, заштита на податоците, пензионирање на судиите и обвинителите.
Барозо по средбата со Орбан ги потенцираше и обвиненијата на опозицијата дека унгарската влада концентрира многу власт.
„Целосно сум подготвен отворено да зборуваме за сите прашања независно колку се тешки и да направам заклучок ако е можно заеднички да дојдеме до некои ставови и да најдеме согласност“, изјави Орбан.
Претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц пак го повика Орбан да не дејствува спротивно и да направи повеќе за помирување на народот.
Автор: СН/ АМ/ дпа/ дв/ миа
Редактор: Александра Трајковска