1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Барозо го бранеше составот на Комисијата

21 октомври 2004

Идниот претседател на Европската комисија Жозе Барозо, мора да се бори за успешно гласање во Европскиот парламент за неговите комесари. Тој денеска во Брисел разговараше со шефовите на фракциите на сите партии за позитивно решение.

https://p.dw.com/p/AcKR

И натаму спорна е номинацијата на Италијанецот Роко Бутиљоне за комесар за правда.

Новиот претседател на комиисјата Барозо во спорот за прогласување на неговата екипа направи чекор во Европскиот парламент. На спорниот комесар Бутиљоне тој му ја одезеде надлежноста за основните права и за антидискриминација:

“Ја разбрав порака на парламентот. Затоа решив да го зголемам поилитичкото ниво за овие прашања при што јас лично ќе ја преземам одговорноста за координација на нашите активности во ова подарчје“.

Бутиљоне, поради неговите предрасуди кон хомосексуалноста како грев и конзервативниот став за улогата на жената, беше остро критикуван од повеќе фракции во паралментот. Тој со писмо се извини за неговите зборови. Одговорноста за правда и за внатрешни работи ќе ја задржи, но Барозо вели:

“Ако во иднина се појави конфликт меѓу неговата совест и неговите службени должности, Бутиљоне е решен да не учествува во донесувањето решение“.

На состанокот со претседателите на фракциите во Парламентот кој би можел во идната недела да ја одбие целата комисија, Барозо ги увери дека ќе се грижи и за недостатоците на другите комесари. Имено, постои сомнеж и за Унгарецот Ласло Ковач, за Холанѓанката Нели Крос и за Литванката Ингрида Удре. Шефот на социјалдемокртатската фракција Мартин Шулц изјави дека понудата на Барозо не е доволна. Претседателот на најголемата конзервативна фракција Ханс Герд Петеринг напротив, го поддржува неговиот партиски пријател Барозо:

"На мојата фракција ќе и препорачам да гласа за оваа комисија“. Претседателот на парламентот Жозеп Борел изјави дека не може да предвиди како ќе протече гласањето во идната среда.