1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Баросо „за“ проширување на ЕУ кон Балканот

АТ/ дпа/ афп23 октомври 2013

Претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо, се изјасни за прием на земјите од Балканот во ЕУ. Вратите за пристап треба да бидат отворени и за Турција.

https://p.dw.com/p/1A4nO
Фотографија: Reuters

„Долгорочно земјите од Балканот ќе бидат примени, кога ќе ги исполнат предусловите и критериумите“, рече шефот на Комисијата на ЕУ, Жозе Мануел Баросо за весникот „Билд“. Конзервативниот политичар од Португалија укажа на тоа дека многу од земјите на Балканот до пред неколку години водеа војни едни против други. „Пристапот кон ЕУ им дава перспектива и е важен лост за помирување во регионот“.

Хрватска како најмлада членка на ЕУ меѓу балканските земји во Унијата е членка од 1. јули 2013. Србија од март 2012 година е кандидат за пристап, но сѐ уште чека на датум за почеток на преговорите. За тоа би морало да има јасен напредок за надминуање на конфликтот со Косово. Преговорите за пристап на Црна Гора се во тек, но додека земјата да пристапи во ЕУ ќе минат уште неколку години. Со Македонија, која од 2005 година има статус на кандидат, разговорите сѐ уште не се почнати проади спорот со името со Грција. Исто така и Косово, Босна и Херцеговина и Албанија се сметаат за можни кандидати за пристап.

Во однос на можниот пристап на Турција во ЕУ, Баросо подвлече дека Турција е „голема, економски и политички важна земја“, чиј реформски процес е во интерес на ЕУ.

Сепак е јасно, смета Баросо, дека пристапот е дури тогаш можен „кога Турција ќе ги исполни сите предуслови“. „Конечно сите земји членки мораа да се согласат. Тоа сепак ќе трае уште извесен период“, рече Баросо во интервју за „Билд“. Државите на ЕУ во вторникот (22.10.) за првпат по три години одобрија отоворање на ново поглавје со Турција. Преговорите со оваа земја започнаа во 2005 година и се одвиваат бавно. Посебно во Германија и Австрија постои отпор против пристап на Турција во ЕУ.