1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Барселона го освои „Кралскиот куп“

Александар Методијев/афп/миа/макфакс26 мај 2012

Фудбалскиот тим на Барселона вчера вечер го освои Шпанскиот куп. Натпреварот, кој заврши со триумф над Атлетик Билбао, беше и последен за Пеп Гвардиола како тренер.

https://p.dw.com/p/152p3
Фотографија: picture-alliance/dpa

Во финалето на Кралскиот куп Барселона го совлада тимот на Атлетик Билбао со 3:0. Натпреварот се одигра на стадионот „Висенте Калдерон“ во Мадрид, а головите за Барселона ги постигнаа Педро во 3-та и 25-та минута и Лионел Меси во 20-та минута. За „каталонците“ ова беше 26-ти трофеј во ова натпреварување, а воедно и последен натпревар на Пеп Гвардиола како тренер. 

Атлетик Билбао оваа сезона немаше среќа во финалните натпревари, покрај овој пораз. тимот го загуби и финалето на Лига Европа со идентичен резултат од Атлетико Мадрид.

Натпреварот во Мадрид беше воедно и дуел на двете најтрофејни екипи во Купот на Шпанија. Барселона сега има 26, а Атлетик Билбао не успеа да додате уште едена титула на до сега освоените 23 ова натпреварување. Овие две екипи играа во финалето и во 2009-та година, а и тогаш во Валенсија победи Барселона со 4:1.