1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Барселона пред тежок испит против Челзи

БГ/миа24 април 2012

Европскиот првак Барселона ќе брка негатива од еден гол во вториот полуфинален дуел од Лигата на шампионите против Челзи.

https://p.dw.com/p/14jyC
Фотографија: picture-alliance/dpa

На „Камп Ноу“ во Барселона вечерва се игра првиот реванш полуфинален натпревар од Лигата на шампионите. Европскиот шампион Барселона го пречекува лондонски Челзи и ќе се обиде да ја надополни разликата од првиот дуел. Пред шест дена во Лондон Челзи победи со 1:0, со голот на Дидие Дрогба. Поради повреда е неизвесно дали тој ќе настапи вечерва.

Кај гостите поради повреда нема да игра Давид Луиз, додека кај „каталонците“ ќе ги нема подолго време отсутните Давид Виља и Ерик Абидал.

Почетокот на натпреварот е во 20 часот и 45 минути. Второто полуфинале ќе се одигра исто така во Шпанија. Утревечер во Мадрид, Реал го пречекува тимот на Бајерн Минхен, а германската екипа има предност од 2:1 од првиот дуел.

Финалето ќе се одигра на 19 мај на „Алијанц Арената“ во Минхен.