1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Барселона - четири дена мека на мобилна телефонија

АТ/дпа/ афп/ртр25 февруари 2014

„Самсунг“ со нов смартфон, телефонирање со „Ватсеп“ и ЕУ комесарка која сака да ја види Европа како предводиник на стандардните за пренос на податоци. Сето ова и повеќе го нуди Светскиот конгрес за мобилна телефонија.

https://p.dw.com/p/1BF4H
Фотографија: AFP/Getty Images

Европската телекомуникациска бранша се вооружува за иднината: Индустријата и ЕУ Комисијата сакаат Европа во иднина да го дава тактот за стандардите за пренос на податоци. Брисел ги поддржува научните истражувања и развојот со три милијарди евра, изјави комесарката задолжена за дигиталниот развој Неле Крос на Светскиот конгрес за мобилна телефонија во Барселона. „Тоа повеќе не е џепарлак“.

Мобилната бранша во каталонската метропола во моментов презентира голем број новитети. Во понеделникот вечерта „Самсунг“ го презентираше новиот смартфон „Галакси С5“, кој на пазарот треба да се појави во април годинава. „Самсунг“ е најголемиот производител на смарфони со удел на пазарот од околу 30 проценти.

Mobile World Congress in Barcelona Samsung Galaxy S5
Фотографија: Getty Images

Исто така и „Нокиа“ во Барселона го привлече вниманието. Оваа фирма го претстави својот прв смартфон врз база на оперативниот систем на „Гугл“ - „Андроид“.

Преку популарната мрежа за кратки пораки „Ватсеп“ најдоцна на крајот на годината ќе може и да се телефонира. Ова во Барселона го најави коосновачот Јан Коум. Исотвремено основачот на Фејсбук Марк Закерберг вети дека оваа онлјан мрежа и по купувањето на „Ватсеп“ за 19 милијариди долари нема да ги користи податоците на неговите корисници. За ова постоеа сомнежи поради високата куповна цена.

По скандалот на НСА производителот „Блекфон“ во Барселона претстави смартфон за потрошувачите кој е сигурен од прислушување. Кој ќе купи мобилен телефон, за две години добива гаранција за шифрирано телефонирање, сигурно меморирање на податоци и безбедно сурфање на интернет. Оперативниот систем на апаратот се базира на „Андроид“ на „Гугл“.

Светот на автоиндустријата се спојува со ИТ браншата

„Форд“ е првиот производител кој на саемот за мобилнна телефонија претставува нов модел. Автомобилскиот концерн во фокусот позиционираше многу електронски помагала, кои инаку се вградуваат во високата класа возила. „Световите на автоиндустријата и ИТ браншата се претопуваат“, рече шефот за Европа на „Форд“ Стивен Одел. „Ние мораме да се прилагодиме на темпото на технологијата“.

Во земјите во развој пак расте пазарот, а исто така и волуменот на податоци во мрежите расте сѐ побрзо. Според гледиштето на ЕУ комесарката Крос важно е да се развиваат нови мрежи на податоци.

На саемот за мобилна телефонија, кој трае до четврток (27.02) повеќе од 1.700 производители ги претставуваат нивните апарати и услуги. Се очекуваат повеќе од 70.000 стручна публика и новинари.