1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бах за појадок

29 септември 2006

23 години, а веќе професот? Дали е тоа воопшто можно? Виртуозот на виолина Јулија Фишер докажува дека тоа е возможно. Таа штотуку стана најмладиот професор во Германија, а сеуште ги нема завршено студиите.

https://p.dw.com/p/AeT9
Виолина в рака уште од 3 години
Виолина в рака уште од 3 годиниФотографија: AP

Како Монт Еверест во музиката. Така неодамна еден критичар го означи соло партитурата на Јохан Себастијан Бах. Тоа е материјал за зрели и искусни изведувачи-истакна тој. Јулија Фишер пак токму поради тежината одбра да го изведе ова дело со 21 година, со што покажа дека поседува огромен талент. Тој талент го забележа и нејзиното семејство. Со три години таа зпочна да свири виолина , со пет години клавир а со девеѕ беше примена во музичкото училиште во Минхен. Имаше само 12 години кога ги свиреше Бетовеновите концерти за клавир заедно со Јехуди Менухин. Дебитираше во Њујоршкиот карнеги Хол.

Со 23 години најмлад професор во Германија без завршен факултет

Денес Јулија Фишер има 23 години и стана најмлад професор во Германија. Вели дека нема страв од таа задача, бидејќи веќе со 15 години подучувала други: „Тогаш ги давав првите мајсторски курсеви. Јас подучувам со неверојатно задоволство. Тоа многу ме радува. И конечно не беше само моја идејата да станам професор. Држев еден семинар на Високата школа во Франкфурт и тогаш ми беше понудено професорското место“

Притоа Јулија не е само најмлада професорка во Германија, туку е и професорка без завршен факултет. А најверојатно и нема да го направи тоа: „Не завршив бидејќи беше премногу компликувано да ги организирам своите обврски, и кога веќе добив понуда да бидам професор во Франкфурт, не гледам веќе смисол да студирам“

Бах најомилен композитор на Јулија

Најомилен композитор на Јулија е Јохан Себастијан Бах. Таа не може да започне ниту еден ден , без да отсвири нешто од Бах. Во последно време меѓутоа го прошири репертоарот. Нејзиниот најнов концертен опус во Франкфуртската опера опфаќа дела од 19-иот век како и едно современо дело кое беше компонирано специјално за неа. На нејзиното последно ЦД со холандскиот камерен оркестар се наоѓаат и три концерти за виолина од Волфганг Амадеус Моцарт.