1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бајден одушевено пречекан на Косово

21 мај 2009

Американскиот потпретседател Џозеф Бајден денеска (21.05.2009) во Приштина изјави дека независноста на Косово е неповратен процес и дека САД ќе го поддржат Косово во создавањето на демократско и мултиетничко општество.

https://p.dw.com/p/Hulv
Бајден: важни пораки за БалканотФотографија: picture-alliance/ dpa

По состанокот со претседателот на Косово, Фатмир Сејдиу и премиерот Хашим Тачи, Џозеф Бајден изјави дека поделбата на Косово е неприфатлива.

„Институциите на Косово постигнаа значаен напредок и треба да продолжат да функционираат како демократски и мултиетнички. САД ќе го поддржат Косово се‘ додека тоа е така“, изјави Бајден. Тој го прими „Златниот орден на слободата“, второ по ранг одликување, кое го доделува косовскиот претседател.

Оценката на американскиот потпретседател е дека на Косово се постигнати значајни резултати во надминување на последиците од војната и дека тоа многу го радува.

Цел Балкан треба да се ориентира кон ЕУ, тоа е ставот на САД, потенцираше Бајден.

Тој потоа се обрати пред пратениците во косовското собрание.

Попладнево (21.05.2009) американскиот потпретседател е во посета на манастирот Високи Дечани, а потоа ќе ја посети американската база Бондстил кај Урошевац за да се сретне со припадниците на американските сили во состав на КФОР.

Straßenverkehr in Pristina, Kosovo
ПриштинаФотографија: picture-alliance/dpa

Посетата на Балкан Џозеф Бајден ќе ја заврши утре. Тој претходно ги посети Белград и Сараево.

Америка повторно на Балкан

Администрацијата на САД ја враќа активната улога на Балканот во обид да ја зајакне регионалната стабилност, во време кога во БиХ расте национализмот, Србија се повеќе се дистанцира од НАТО, со “нејасни позиции“ за обидот за осамостојување на Република Српска, а Косово спроведува бавни реформи.

Македонија и Хрватска не беа на агендата на американскиот потпреседател Џон Бајден во рамките на неговата балканска турнеја, Дипломатски извори тврдат дека тоа е “добра вест“ за двете држави.

Нивното образложение: затоа што доаѓањето на “искусниот“ во администрацијата на Обама како што го нарекуваат Бајден, во “трите недефинирани држави“ на Балканот е сигнал за можна дестабилизација на регионот и обид Вашингтон, заедно со бриселската дипломатија, “да ги врати“ овие држави на патот кон ЕУ и НАТО.

ЖА/бета/макфакс