1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бајер на врвот, Вердер се’ поблиску

23 ноември 2009

Врвот на табелата во Бундеслигата остана непроменет по 13-то коло кое се одигра викендов. Бајер и Баерн ги поделија бодовите во дербито на колото, а Вердер забележа највисока победа од 6:0 на гости кај Фрајбург.

https://p.dw.com/p/KdIZ
Дербито не донесе промени на табелата - Кислинг го прославува голот против БаернФотографија: AP

Натпреварот против Бајер во Леверкузен се најавуваше како најважен сезонава, но Баерн повторно не успеа да стигне до трите бода. Навивачите на Баварците си заминаа разочарани по нерешените 1:1 против лидерот на табелата Бајер. Незадоволен беше и претседателот на клубот Карл Хајнц Румениге. „Со седмото место никој не е задоволен, ни тимот ни тренерот. Ние ќе се обидеме заедно со Ван Гал што е можно побрзо да излеземе од кризата. Ние тоа мораме да го направиме. Во среда играме против Макаби и тој натпревар мораме да го победиме, па потоа ќе видиме како понатаму.“

Леверкузен останува единствениот непоразен тим во лигата, со еден бод предност на чело на табелата. Напаѓачот Штефан Кислинг со постигнатиот гол се издвои на првото место на листата на стрелците со 9 погодоци: „Секако дека сме лути, затоа што во првото полувреме не успеавме да постигнеме уште еден гол, но имаме уште еден натпревар на домашен терен, на којшто сакаме да победиме и да останеме на врвот на табелата.“

Вердер со 26 бода, има само еден поен заостаток зад лидерот, а викендов тимот од Бремен прикажа уште една одлична партија. Со победата од 6:0 над Фрајбург, тимот на Томас Шаф ја продолжи импозантната серија од 20 натпревари без пораз. Но, нема место за опуштање, вели Шаф „Игравме добро, затоа можеме да зборуваме и наредните денови и да се радуваме на оствареното, но следната сабота тоа не ни помага. Тогаш се почнува одново и мора да се докажеме повторно. Добро е, но нашите цели секој ден се повеќе растат.“

Fußball Bundesliga : Thomas Schaaf
Аплауз за добрата игра на Вердер - Томас ШафФотографија: AP

Екипата на Хамбург неочекувано го забележа вториот пораз сезонава и тоа на домашен терен од нискорангираниот Бохум, со 0:1. Тоа беше и првата победа за тренерот на Бохум, Хајко Херлих.

11 дена по самоубиството на репрезентативниот голман Роберт Енке, фудбалерите на Хановер се вратија на спортскиот терен. И покрај поразот од 2:0 на гостувањето кај Шалке, тренерот Андреас Бергман изјави дека видел многу позитивни нешта на мечот: „Јас кажав дека повторно треба да веруваме во успехот. Фудбалот сите не фасцинира и мора да имаме желба да постигнуваме добри резултати. Тоа би било и желбата на Роберт Енке“.

Шалке е веќе седум натпревари без пораз и се искачи на третото место на табелата. Келн доживеа катастрофален пораз на домашен терен од Хофенхајм. Гостите, познати по напаѓачката игра, победија со 4:0. Тренерот на Борусија Дортмунд Јирген Клоп се надеваше на победа над тимот за кој настапуваше и го предводеше полни 18 години, но неговите играчи успеаја да одиграат само нерешено без голови против Мајнц.

Fussball DFB-Pokal Borussia Dortmund Hertha BSC Jürgen Klopp
Не успеа да го совлада својот поранешен тим - Јирген КлопФотографија: AP

13-то коло не беше среќно ниту за првакот Волфсбург, кој загуби на домашен терен од Нирнберг со 2:3. Во саботата, Менхенгладбах забележа важна победа од 2:1 на гостувањето кај Ајнтрахт, додека Штутгарт и Херта одиграа нерешено 1:1.

Автор: Оливија Фриц / Борис Георгиевски

Редактор: Александра Трајковска