1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Безбеден спорт - само илузија?

С.Недевски/С.Матиќ/ЖА/сид16 април 2013

По бомбашкките напади на 117. бостонски маратон, американскиот спорт е во шок. Челниците на професионалните лиги во кошарка, хокеј и американски фудбал откажаа неколку натпревари.

https://p.dw.com/p/18GcF
Фотографија: picture-alliance/AP

Тројца мртви, преку 140 повредни лица е трагичниот биланс на експлозиите на бостонскиот маратон кој ја шокира спортската јавност во САД. Американската професионална кошаркарска лига НБА го откажа натпреварот меѓу рекордерот во титули Бостон Селтикс и Индијана Пејсерс. Овој меч сезонава воопшто нема да се одигра. „Бришењето“ од распоредот нема да игра никаква улога врз плејофот кој започнува на 20 април. Индијана (без оглед на откажувањето на натпреварот) во доигрувањето ќе тргне како третопласирана а Бостон како седмопласирана екипа во Источната конференција на НБА.

USA Anschlag Boston Marathon Explosion Reaktionen Teilnehmer
Фотографија: Getty Images

Претходно северноамериканската професионална хокеарска лига НХЛ краткорочно го откажа натпреварот меѓу Бостон Бруинс и Отава Сенатор. како што е потврдено од НХЛ, овој натпревар ќе се одигра во нов термин кој засега не е познат.

Безбедноста - врвен приоритет

Нападите од Бостон предизвикаа реакции и на спортските работници надвор од САД. Организаторите на маратоните во Лондон  но и во Берлин во меѓувреме најавија дека ќе извршат дополнителна анализа на нивните безбедносни концепти за да се обезбеди целосна заштита на маратонците и на публиката. „Ќе извлечеме поуки од Бостон и тоа во соработка со германските власти со кои и онака добро соработуваме“, изјави денеска Марк Милде, директор на маратонот во главниот град на Германија.

Според него, и организаторите се подготвени за најлошото можно сценарио: Но се разбира дека ние не можеме да ја обезбедиме комплетната патека долга 42 километри“, додаде Милде. Наредниот Берлински маратон треба да се одржи  на 29 септември.

Boston Marathon Explosion
Фотографија: Reuters

Организаторите на маратонот во Лондон, кој треба да се одржи наредната недела потврдија пак дека ги засилиле безбедносните мерки. „Маратонот во Лондон дефинитивно ќе се оддржи“, изјави претседателот на Лондонскиот маратон Ник Бител, веднаш откако започнаа да се прошируваат гласини дека трката ќе биде откажана.

Безбедноста е „врвен приоритет“ така во меѓувреме на бостонските експлозии реагираа организаторите на Олимписките игри во 2016 година во Рио де Женеиро. Во изразите на сочувство до семејствата на жртвите во Бостон, бразилските организатори истакнуваат: Тесно соработуваме со нашите партнери во владата за да можеме во 2016 година да организираме безбедни Олимписки игри“.

Експлозиите во Бостон се случија откако најдобрите атлетичари минаа низ целта. Во женска конкуренција победи Кенијката Рита Јепто а кај мажите најдобар беше Лелиса Десиса од Етиопија.