1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Безредија на Светиот брег на храмовите

10 февруари 2007

На Светиот брег на храмовите во Ерусалим дојде до судир меѓу израелската полиција и муслиманските верници. Стотици демонстранти фрлаа со камења и шишиња врз полицијата во знак на протест против градежните работи на Израелците на Светиот брег на храмовите. Палестинските верници стравуваат дека Израелците ќе ја оштетат Ал Акса џамијата на брегот. Во судирите има голем број повредени.

https://p.dw.com/p/AdtS
Џамијата Ал Акса
Џамијата Ал АксаФотографија: dpa

Израелските полицајци употребија солзавец и шок-гранати против демонстрантите, кои врз безбедносните сили фрлаа со камења. Повредени се дузина израелски полицајци и голем број демонстранти. Освен тоа, уапсени се и 17 Палестинци. Ситуацијата се смирила дури попладнето, и тоа со посредство на еден пратеник во Кнесетот со арапско потекло. Израелските градежни работи на една од влезните врати во просторот пред џамијата Ал Акса почнаа во вторникот. Портпаролот на израелската полиција, Мики Розенфелд се обиде да објасни: “Всушност се гради нов мост. Тоа е работа на долг рок, што ќе трае 11 месеци. Тоа е нешто што е веќе договорено меѓу археолошката фондација и претставници на владата.“

Израелците велат дека целта на работите е да се направи влез во т.н. Порта Муграби, која е единствен влез за не-муслиманите на Светиот брег на храмовите. Влезот бил оштетен од невреме. Во муслиманскиот свет, градежните работи предизвикаа жестоки протести. “Денеска работат со булдожери што ги буди страстите не само во Палестина, туку и во други муслимански земји од Малезија до Нигерија. Го повикуваме Блиско источниот квартет и американската администрација да го прекине ваквото однесување на Израелците, бидејќи тоа може да доведе до ексалација“ - порача водачот на мисијата на Палестинската ослободителна организација во Вашингтон, Афиф Сафијех.