1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Без еднострани решенија

4 мај 2007

Германскиот министер за одбрана Франц Јозеф Јунг е во посета на српската покраина Косово.По посетата на трупите на КФОР,денеска Јунг разговораше со косовскиот претседател Фатмир Сејдиу и премиерот Агим Чеку.

https://p.dw.com/p/AdrV
Јунг на Косово
Јунг на КосовоФотографија: AP

Јунг ги увери Сејдиу и Чеку во поддршката на ЕУ и НАТО на планот на Марти Ахтисари.Сепак,тој нагласи дека решение мора да биде најдено во рамките на Советот за безбедност на ОН.Еднострани одлуки околу идниот статус на покраината се погрешен пат, рече денеска Јунг пред новинарите во Приштина.

Постојат размислувања уште во мај да дојде до советувања за предлог резолуција за статусот на Косово во Советот за безбедност на ОН,но Јунг го остави отворено прашањето кога би била донесена одлука.

Прошетката низ стариот дел на Призрен му покажа на германскиот министер за одбрана Јунг како може да изгледа во иднина во идеален случај на Косово.Тој на пат кон трупите направи мала пауза во поранешното седиште на поглаварите на српската православна црква.Во немирите во 2004 година тоа беше запалено,во меѓувреме е речиси реновирано,со пари од Косоварите,а изградено од Албанци.Има и уште бројни нови куќи од цигли,и индустријата и фирмите повторно се вратиле. Тоа е позитивен знак,како што вели офицерот Зоденкамп,кој од 2000 година веќе трет пат е на служба тука:

„Тоа во најмала рака покажува први полети на стопанството,иако не и дека оваа земја може да стои сама на сопствени нозе,но сепак зачудувачки напредок во последниве четири години.“

Во областа каде се Германците,на југот на Косово ситуацијата е мирна,иако не и стабилна,гласи официјалниот став на Бундесверот.Меѓу 450 илјади луѓе кои живеат во тој крај,има околу 1500 Срби.Етничките напнатости се исклучок.

Напреднатите преговори за статусот луѓето сепак многу внимателно ги следат.

Очекувањата се големи.Во Косово се позачестени се политичките гласови дека во нужен случај,ако преговорите за статусот на ниво на ОН останат без плод,еднострано треба да биде прогласена независност.

Но,германскиот министер за одбрана Франц Јозеф Јунг мисли дека тоа е погрешен чекор,така изјави пред косоварските и германските новинари.ЕУ,НАТО и ОН се изјаснија недвосмислено за планот на посебниот пратеник на ОН за Косово Марти Ахтисари,а кој предвидува натамошна автономија,односно независност:

„Затоа мислам дека е правилно да ги направиме сите напори за решение за статусот да биде најдено преку ОН.А од мој аспект,од мала помош би било ако се фаворизираат еднострани решенија.“

По првите разговори со раководителот на мисијата на ОН Јоаким Рикер и германскиот командант на КФОР Роланд Катер,Јунг покажа увереност дека е можно прифатливо решение.Двајцата неодамна ја придружуваа мисијата на Советот за безбедност на ОН низ покраината и укажуваат на сигнали на надеж:

„Се разбира,ситуацијата овде во земјата е во еден дел полна со очекување.Можам само да се надевам и да посакувам наслението и натаму да сочека на одлуката на Советот за безбедност на ОН.“

Дали до согласност ќе дојде уште овој месец,министерот Јунг не сака да нагаѓа.Но,при разговорите со ксоовскоот раководство во секој случај инсистира да не се врши еднострано прогласување независност.