1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Без компромис со Грција, загрозени се евроатлантските интеграции

5 мај 2008

На денешниот Форум посветен на Денот на Европа во Скопје европски дипломати побараа од политичките лидери во Македонија да преземат и одредени ризици, иако нема ништо фатално да се случи ако не се реши спорот со името

https://p.dw.com/p/DtrY
Ерхард Бусек: Македонија не треба да остане само кандидат за членство во ЕУФотографија: dw-tv

Местото на Македонија е во ЕУ, Брисел не може да си дозволи црни дупки на Балканот, оваа стимулативна реакција дојде до Форумот во Скопје посветен на деновите на Европа, под наслов дали Македонија е модел ученик на Балканот.

Во периодот од 2007 до 2010 Брисел ќе издвои речиси три милијарди евра преку ИПА фондовите на Унијата, изјави Ерхард Бусек, што е речиси триесет евра по глава на жител.

За кординаторотот на Пактот за стабилност важно е Македонија да не остане само кандидат за членство во Унијата, а асоцирањето во НАТО е важно за внатрешната кохезија во Македонија.

Бусек предупреди дека грчко македонскиот спор околу името може да ги блокира евроатлантските аспирации на Македонија. Знам дека спорот е билатерален, но е неопходен компромис, за што и врз двете страни се врши подеднаков притисок за компромис, изјави Бусек.

Нема да се случи ништо драматично, но потребен е компромис

Според францускиот амбасадор Бернар Валеро нема ништо фатално да се случи ако не се реши спорот веднаш, но Македонија треба да има политички лидери кои ќе ги преземат ризиците да донесат одлуки.

Франција од први јули ќе биде претседавач со ЕУ, а за Валеро фер изборите се дополнителен критериум кој се наметнува за почеток на преговорите со Унијата. И Бусек и Валеро ги забрзуваат македонските политичари кон одлуки за компромис со Грција. Брзото темпо е невозможно ако премиерот Груевски остане премиер и го спроведе она што го најави- прашањето за името да се решава на референдум.

Иако беше најавено, се одлага посетата на посредникот од ОН во спорот со името, Метју Нимиц, на Скопје и Атина.