1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Без конкретен договор

27 јули 2006

Меѓународната конференција за Блискиот исток во Рим не донесе ништо ново кога станува збор за судирите меѓу Израел и Хезболах. Напротив тие продолжија со поголема жестина. Главното прашање за распоредување на мировните сили и нивниот мандат ќе се расправа во советот за безбедност на ОН. Коментар на Рајнер Золиш

https://p.dw.com/p/AdzQ
Фотографија: AP

Како што и се очекуваше, меѓународната конференција за Блискиот исток во Рим не доведе до смирување на судирите. Учесниците ветија хуманитарна помош и се заложија за итно примирје и стационирање мировни сили под мандат на ОН и тоа е се`.

Тоа е убаво но не е изводливо, барем во овој момент. Тоа не влијаеше врз двете страни, тие ги продолжија борбите. Двете страни, колку тоа да делува трагично имаат интереси за тоа. Хезболах со поддршка на Сирија и Иран сака да се профилира како острица во отпорот против Израел, кој пак се обидува да воспостави што е можно поголема безбедност и по цена на се` поголемиот број цивилни жртви Хезболах да го протера од јужен Либан.

Не треба да се заборави дека до одрден степен треба да се има разбирање за интервенцијата на Израел против Хезболах во Либан. Ниту една земја во светот неможе да прифати од соседна територија да ја ракетираат. Нападите не започнаа со активната ескалација туку беа интензивирани и во неделите претходно. Осдновна задача на владата и армијата е да го штити сопственото население. Тоа посебно важи за Израел, кој од своето формирање постојано е изложен на закани од околните земји и постојано мораше да води војни за сопствена егзистенција.

Израел со оглед на се` поголемиот број цивилни либански жртви мора да ја прифати критиката дека реагира прекумерно. Самоодбраната е легитимна но срамнувањето со земја на цели градски квартови и предизвикување панично бекство на илјадници цивили поттикнува саммо нова омраза. Умерените сили во арапскиот свет кои се залагаат за каков таков соживот со Израел заради се` поголемото патење и бес уште повеќе ќе загуби на влијание.

Израел можеби е доволно силен да го елиминира поголемиот дел на Хезболах или барем трајно да го протера од јужниот дел на Либан, но по која цена? Воените тампон зони кои на југот во Либан би ги набљудувале можеби меѓународни трупи, или самоволно поставување на заштитни ѕидови како што веќе постојат на западниот дел на реката Јордан предизвикуваат само ограничена безбедност, бидејќи милициите и терористичките групи располагаат со ракетни системи со голем дострел.

Политиката на одржлива безбедност мора да се обиде на непријателско настроените групи да им ја одземе идеолошката подлога и поддршката меѓу луѓето. Израел. Со офанзивата во Либан го постигнува токму спротивното. Траен мир може да се постигне само со преговори во кои мора да бидат вклучени и непријатни режими како оној во Сирија, бидејќи и тие делуваат рационално.

Арапските влади јасно треба да го прифатат правото на постоење на Израел и да ги блокираат силите кои со сила се обидуваат тоа да го саботираат. Израел мора да свати колку и заради сосптвена перспектива е важно во негово соседство да се формира палестинска држава и тоа во граници пред 1967, без разлика колку на внатрешно политички план тоа би било тешко прифатливо.