1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Без одлука во првиот круг избори во Романија

23 ноември 2009

Романските гласачи на 6 декември ќе треба да одлучат меѓу Трајан Басеску и Мирча Ѓоана за нов шеф на државата. Двајцата успеаја да влезат во вториот круг, со многу мала меѓусебна разлика.

https://p.dw.com/p/KdDI
Фотографија: AP

Актуелниот претседател Трајан Басеску и лидерот на опозициската Социјалдемократска партија Мирча Ѓоана влегоа во вториот круг на претседетелските избори во Романија. Според, се’ уште, неофицијалните резултати за Басеску гласале 33 отсто од гласачите, додека за Ѓоана 29 проценти од Романците со право на глас. Крајно неизвесниот резултат од првиот изборен круг покажува дека може да се очекува тешка изборна кампања за вториот изборен круг кој ќе биде одржан на 6 декември.

Traian Basescu Präsident Rumänien
Актуелен претседател и пртседателски кандидат Трајан БасескуФотографија: AP

Трајан Басеску во текот на кампањата нагласуваше дека му е потребен нов петгодишен мандат за да ја модернизира земјата, бидејќи во тоа, во изминатите пет години го спречувале противниците. „Мојот петгодишен мандат истекува. Тоа беше тежок мандат - мнозинство од парламентот беше цело време против моите реформи, а некои медиумски концерни не поддржаа ниту една од акциите на претседателот, дури ни оние, кои беа од национален интерес.“

Mircea Geoana Präsidentschaftskandidat Soziale Demokratische Partei Rumänien
Претседателски кандидат Мирча ЃоанаФотографија: AP

Џоана ветуваше нова, европска визија, но и жестоко го критикуваше Басеску поради неговата конфликтна природа. „Дури ни во последната секунда, по пет години постојани скандали, поделби и непочитување на јавниот и национален интерес, сегашниот претседател не ги менува навиките. Уште еднаш нагласувам: оваа цинична и намерна игра, што ја игра Трајан Басеку на штета на Романија, ја продлабочува кризата и таа мора да престане.“

Басеску и Ѓоана ќе се соочат во вториот изборен круг

Победникот во вториот круг ќе се соочи не само со економска, туку и со длабока политичка криза во земјата, и ќе има големи проблеми да формира нова Влада и ново парламентарно мнозинство. Новиот претседател ќе мора да најде излез од политичката нестабилност, поради големата недоверба меѓу трите најголеми партии, Демократско либералната, Социјалдемократската и Национално либералната. Овие партии во изминатите години повеќе пати меѓусебно коалицираа, но последната таква влада издржа само 9 месеци и тоа е причината што Романија во моментов нема влада. Поради кризата, ММФ го одложи заемот од 1,3 милијарди евра, а Европската комисија ја блокираше помошта од дополнителни 1 милијарда евра.

Вчерашниот изборен ден (22.11.09) помина во атмосфера на постојани жалби, поплаки и протести на кандидатите за наводни неправилности и кражби на гласови.

Автор: БГ/СН/ап/дв

Редактор: Алексадра Трајковска