1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Без промени во македонскиот авио сообраќај

Горан Петрески28 октомври 2005

Зимскиот ред на летање повторно ги истакна проблемите во македонскиот авиопатнички сообраќај.

https://p.dw.com/p/AeNg
Нема нови странски компании кои ќе летаат од и до Македонија
Нема нови странски компании кои ќе летаат од и до МакедонијаФотографија: AP
Престојната зимска сезона и новиот ред на летање не донесува позначајни промени во македонскиот авио сообраќај. Нема нови странски авиокомпании кои ќе летаат од и до Македонија ниту поголем број на дестинации. Нема пониски цени на авиобилетите. Зимскиот ред на летање донесе само кавга меѓу македонскиот авиопревозник МАТ и воздухопловните власти. Во МАТ тврдат дека на негова штета воздухопловната управа ги форсира странските авиокомпании.