1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Без согласност за евроатланските приоритети

24 јули 2007

Пратеничката група на СДСМ ја напушти при крајот вонредната седница на Парламентот во знак на незадоволство.Премиерот Груевски и лидерот на ДУИ Ахмети имаа соочување

https://p.dw.com/p/BLaS
Фотографија: picture-alliance/ dpa

Омразите не можат да бидат и лек и политика,со оваа мисла на ветеранот пратеник Стојан Андов се отсликува и дебатата на вонредната седница на Парламентот,но и амбиентот во Макњедонија по договорот меѓу премиерот Груевски и лидерот на ДУИ Ахмети.Двајцата по сријата билатерални средби секој со своја вистина,премиерот против двојазичноста,лидерот на ДУИ со контра:не затворајте го прашањето предвреме:

„Со тоа што не ги почитуваме Охридскиот договор,Мајската спогодба,ќе ни биде тешко да ни се отворат вратите кон ЕУ и НАТО“.

Но зад оваа политичка формулација Али Ахмети во своето излагање внесе и комбинација од емоционални но и заканувачки предупредувања до Груевски:не можете албанскиот јазик да го затворите,не сте поголеми патриоти од мене,оваа земја е подеднакво и моја,но не се враќаме кон военото минато,не бидете категорично против официјалниот албански јазик,му се обрати директно Ахмети на премиерот Груевски во Парламентот.

Груевски има друг став

Вчера пак премиерот Груевски беше категоричен:

„Меѓу другото се бараше како што споменав двојазичност,која како што реков е спротивна на уставот на Република Македонија,спротивна на Охридскиот договор,таа не се бара во него,и дека тоа е неприфатливо за нас.Она што би можело да се прифати е донесување закон за употреба на јазиците.“

Дебатата на специјалното заседание на Парламентот околу македонските евроатлански приоритети како и што се очекуваше стана нов барометар за Охридскиот рамковен договор но и за меѓуетничките прашања,рече во блиц -интервенцијата Теута Арифи:

„Кажувајќи 46 закони,да се договоривме за толку,не за 45 закони.“

„Направивме збрка,како тоа да се преговара два месеца,а да нема договор.Еве денес убаво разбравме дека има договор,и тоа за три точки е договорено нешто конкретно,а за две точки е договорено натаму да се разговара.Тоа по мое мислење е напредок“,изјави Стојан Андов кој заговараше помирување помирување на луѓето од конфликтот,зашто жртвите и учесниците треба да бидат заштитени сите подеднакво.

СДСМ:постојат две вистини

СДСМ тврдеше дека има две вистини,едната на Груевски другата на Ахмети,но верификувана од европретставниците Хавиер Солана и Оли Рен.

„За жал господинот Груевски не ја надмина самобендисаноста,ароганцијата,вртејќи се во круг зборуваше само за својата вистина,како да се наоѓаме на партиски конгрес,рече потпретседателот на СДСМ Јани Макрадули,во отсуство на лидерот на СДСМ Радмила Шеќеринска.

Таа веќе втора недела пропушта политички дебати,најпрво за буџетот,потоа не беше и на вечерата кај амбасадорот на ЕУ во Скопје Ерван Фуере,а отсуствува и од расправата за оспорената од неа политичка доктрина и дил на Ахмети и Груевски.

„Македонија има и незавршени работи,овој дел,значи употребата на јазикот и околу социјалниот статус на поранешните припадници на ОНА е отворено прашање“,рече поранешниот премиер Владо Бучковски,политичкиот пожар во Парламентот е ставен под контрола,настапи тој симболично во Парламентот.