1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Белград и Приштина на чекор до решение

Марина Максимовиќ/ А.Трајковска13 февруари 2014

Белград и Приштина ги финализираат договорите за орагнизација на правосудството на северот на Косово. Решението е во рамките на косовските закони, со почитување на специфичноста на општините со српско население.

https://p.dw.com/p/1B7t9
Фотографија: European External Action Service

Белград и Приштина велат дека се на чекор до решенија во областа на правосудството, кои се однесуваат на надлежноста на Основниот суд во Косовска Митровица. Последната 22. рунда од дијалогот во Брисел одржана на 12.02. доведе до приближување на ставовите кои од една страна би го исполниле условот на Приштина и организацијата на судот и обвинителството на северот да се усогласат со уставот и законите на Косово, додека од друга страна се почитуваше барањето на Белград за „специфичност и самосвест“ на Србите на северот.

„Во прашањето мора да биде пакет“, изјави премиерот на Србија Ивица Дачиќ. „Ако е еден суд за седум општини, тогаш мора во етничка смисла таа структура, барем во оние одделенија кои заседаваат на северот, да бидат со мнозински српски судии и обвинители, а сепак тоа да не биде поделба само по етнички критериуми, што не е пракса во правосудството и не би ни сакале да биде така. Сепак специфичноста на северот мора да се почитува“, изјави Дачиќ.

На експертските групи им остана да ги финализираат деталите, а двајцата премиер најдоцна за две недели би требало повторно да се сретнат во Брисел и да донесат политичка согланост околу решавање за правосудството.

Изборите не смеат да го успорат дијалогот

Во кабинетот на шефицата на дипломатијата на Европската унија и пред вчерашниот состанок на делегациите од Белград и Приштина напоменаа дека е неопходно што поскоро да се дојде до договор за имплементација на сите делови од Бриселскиот договор, на прво место она во областа на правосудството. Истовремено и Србија и Косово се свесни дека застој во преговорите, во ситуација кога на двете страни се очекуваат парламентарни избори, и мандатот на Кетрин Ештон истекува на крајот на годината, може негативно да влијае вр евроинтеграциските процеси на двете земји. Во Брисел нагласуваат дека дијалогот и покрај изборните процеси продолжуваат и дека и двајцата премиер искажале приврзаност за продолжување на работата во процесот на дијалогот.

„Се надевам, дека Србија ќе биде уште повеќе ангажирана на примената на договорите, без оглед на претстојните избори“, изјави премиерот Хашим Тачи, наведувајќи дека во Брисел се разговарало како побрзо и подобро да се примени се што е договорено со Бриселскиот договор.

Една од темите и БиХ

Покрај основното прашање за правосудството, Белград во Брисел инсистираше и на прашањата за апсење на Србите на Косово. Во таа прилика од ЕУ беше побарано со својот авторитет да доведе до разјаснување на апсењата, кои според зборовите на премиерот на Србија можат да доведат и до дестабилизација на Косово. Се разговарало и за начинот на организирање на гласањето на претстојните парламентарни избори во Србија за српските државјани кои живеат на Косово

На маргините на дијалогот биле разменети и информации за ситуацијата во Босна и Херцеговина. Шефицата на европската дипломатија Кетрин Ештон најави посета на БиХ, каде би требало да отпатува идната недела, а Србија повтори дека се залага за мир и стабилност во Босна и Херцеговина.