1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Белград и Приштина - преговорите траат, договор нема

Марина Максимовиќ/ Жана Ацеска5 март 2013

Во новата рунда преговори меѓу Белград и Приштина нема договор. Приштина отфрла можност за давање извршни овластувања на српската заедница, Белград инсистира на поголема улога на косовските Срби во политиката на Косово.

https://p.dw.com/p/17qSp
Фотографија: DW/Marina Maksimovic

Меѓу Белград и Приштина постои начелна согласност околу формирање заедница или асоцијација на општините со мнозинско српско население од целата територија на Косово. Оваа заедница би требало да опфати најмалку девет општини, а извесен напредок е постигнат и во врска со органите кои ваквата заедница на Србите на Косово би требало да ги има. Сепак, останува отворено прашањтео за изборот на тиеоргани, како и нивната надлежност.

„Разговаравме за заедницата на српски општини, која би требало да се формира во рамките на косовските закони. Во никој случај не доаѓа во предвид формирање заедница која би имала законодавна и извршна власт или би претставувала „Ахтисари плус план“. Напротив, се‘ ќе остане во границите на законите на Косово и европските стандарди“, изјави косовскиот премиер Хашим Тачи по завршувањето на шестата рундфа на дијалогот во Брисел.

Оптимизам и последици

Додека Хашим Тачи порачува дека е постигната „усна согласност“ за расформирање на паралелните институции, како и дека е „пооптимистичен во поглед на нормализирањето на односите меѓу двете држави“, српскиот премиер Ивица Дачиќ вели дека „не знае дали е оптимист“ во поглед на прашањето за дофовоорт и додадав-никој не би требало да смета дека Србија поради добивање датум за почеток на преговорите за членство со ЕУ би направила нешто што не е во нејзин национален и државен интерес:

„Ова е сериозен и тежок проблем. И разговорите се сериозни и тешки. Се работи за решавање на проблеми кои од еднастранаби ги отстраниле паралелните институции, а од другастрана би довеле до тоа српскиот народ на Косово и Метохија да ја изрази својата специфичност и посебност. Во тој смисол, тоа е невозможно само со решенијата кои постојат во косовските закони, зашто тоа не подразбира извршни овластувања на заедницата“.

Српската страна оценува дека надлежностите која Приштина е подготвена да им ја даде на косовските Срби „не се доволни да обезбедат српската заедница да биде значаен фактор на политичката сцена на Косово“.

Клучната фаза продолжува

Официјален Брисел сепак постигнатото го оценува за „добар прогрес“, со забелешка-Белград и приштина во идните денови ги очекува уште многу работа, но и компромиси. Истовремено, се порачува дека нема многу време до оценката за напредокот во дијалогот, која Кетрин Ештон би требало да ја претстави на 16 април, а врз основа на која земјите членки на ЕУ на 28 јуни треба да одлучат за давање датум за почеток на преговори за пристап на Унијата на Србија. Затоа за 20 март е предвидена нова рунда разговори, во ова, како што Брисел ја нарекува, „клучна фаза“ на дијалогот, која би требало да донесе одговор на „клучното прашање“, а тоа е обострано прифатлив договор за надлежностите и карактерот на српската заедница на Косово.