1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Белград и Приштина ќе разменат само офицери за врска

ЕМФ/миа4 јуни 2013

На 17 јуни Белград и Приштина ќе разменат само офицери за врска, кои нема да имаат никаков дипломатски статус, протокол или имунитет, пишува белградскиот весник „Новости“.

https://p.dw.com/p/18jLP
Фотографија: DW

„Приштина во петокот, во последниот круг од разговорите со Белград, се откажа од барањето да се отворат специјални кабинети, со екипи, според моделот на амбасади“, изјави за весникот „Новости“ српскиот офицер за врска Дејан Павичевиќ (на фотографијата). Тој додава дека на тој начин целосно се создале условите тој да почне со работа во Приштина, а косовскиот претставник Лулзим Пеци во Белград.

„Ќе го имаме само задолжителното полициско обезбедување, што е целосно нормално заради специфичните односи меѓу Србите и Албанците, рече Павичеvиќ. Коментирајќи ја изјавата на косовскиот вицепремиер Едита Тахири дека во Белград ќе почне со работа „амбасадор на Република Косово“, Павичевиќ кажа дека „може да се нарече и англиска кралица, но тоа нема да е точно“.

Офицерите за врска нема да имаат никакви назначувања или дипломатски надлежности, какви што имаат амбасадодите, согласно Виенската конвенција. Павичевиќ изјави дека главна задача на офицерите годинава ќе биде да го спроведуваат Бриселскиот договор, постигнат од премиерите Ивица Дачиќ и Хашим Тачи.