1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Белград предлага пет теми за директни преговори со Приштина

19 септември 2007

*

https://p.dw.com/p/BhN9

Српскиот преговарачки тим синоќа во Лондон и предложи пет теми на преговарачката тројка за Косово за директни преговори меѓу Белград и Приштина, соопшти срспкиот министер за Косово и Метохија Слободан Самарџиќ. Меѓу нив се постигнување меѓународен договор за идниот статус на Косово како и конкурентна поделба на надлежностите меѓу Србија и Косово. Предложено е да се разговара и за економските прашања. Посредничката тројка денеска треба да се сретне со делегацијата од Косово. На средбата ќе присуствуваат и претсавници на Контакт групата.