1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Белиот чад во Фукушима не запира

24 март 2011

Тројца работници ангажирани во санирањето на загрозената јапонска нуклеарка Фукушима 1 се пренесени во болница поради изложеност на радијација. Станува збор за техничари вклучени во работата на реакторот три.

https://p.dw.com/p/10gdM
Екипите постојано ја прекинуваат работатаФотографија: AP

Во делумно разурнатата атомска централа Фукушима Даичи, екипите кои работат на нејзин ремонт мораат постојано да ја прекинуваат работата поради излегувањето чад и високото ниво радиоактивно зрачење. Последните информации говорат дека бел чад излегува од 4 од вкупно шест реактори во нуклеарката.

Инаку, од местото на потенцијалната атомска катастрофа денеска пристигнаа и позитивни вести. Имено, техничарите успеале да воспостават доток на електрична енергија во контролната просторија на реакторот број 1.

Fukushima Japan Reaktorkatastrophe Atomkatastrophe Flash-Galerie
Фотографија: DigitalGlobe

Сега тие се во состојба да користат две клучни контролни простории , на реакторите 1 и 3 , кои претходно мораа да ги напуштат по серијата експлозии , зголемената радијација и мракот. Тоа треба да биде од голема помош при обидот повторно да се стават во погон системите за ладење на реакторите, кои беа оштетени од катастрофалниот земјотрес и цунамито што ја погодија централата.

Уште една позитивна вест пристигна од Токио - вредностите на радиоактивен јод во водата за пиење во јапонскиот главен град се намалени и таа веќе не е штетна за употреба за бебиња, соопштија градските власти по новото испитување. Забраната за нејзино користење беше изречена вчера.

Автор: СН/ЕМФ/афп/ртр

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска