1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Беназир Буто во домашен притвор во Пакистан

9 ноември 2007

*

https://p.dw.com/p/C5ui

Неколку часови пред почетокот на планираните масовни демонстрации против претседателот Первез Мушараф, водачот на опозицијата Бензир Буто се наоѓа во домашен притвор. Полицијата го опколи домот на Буто во Исламабад и постави улични барикади. Според информации од безбедносни кругови поранешната премиерка, до вечерва не смее да го напушти домот. Градот Равалпинди, каде што опозицијата сакаше да протестира против воведувањето вонредна состојба од страна на Мушараф, е целосно затворен. Претседателот најави дека неговата влада ќе презема остри мерки против опозицијата. Истовремено Мушараф најави и оддржување парламентарни избори за февруари наредната година, а ја потврди и намерата да се повлече од функцијата шеф на армијата.