1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бенедикт 16. побара отворено општество во Куба

АТ/ кна/ афп/ дпа27 март 2012

Папата Бенедикт 16. е во посета на Латинска Америка. По Мексико, папата во Куба се заложи за поголеми можности за влијание на црквата во комунистичката земја. Тој пред Кубанците повика на отворено општество

https://p.dw.com/p/14SeE
Фотографија: Reuters

По посетата на неговиот претходник Јован Павле Втори во 1998 година постои посилна соработка и поголема доверба меѓу црквата и кубанската држава, изјави Бенедикт Шеснаесетти по пристигнувањето на аеродромот во Сантјаго де Куба, каде го пречека претседателот Раул Кастро. Сепак „остануваат уште многу аспекти, каде може и мора да се постигне напредок“. Папата притоа го истакна придонесот, кој го пружа религијата во јавниот живот на едно општество.

Во неговото прво обраќање во една комунистичка земја, Бенедикт 16. критикуваше дека постоел „егоизам на одредени сили“ кои довеле до економска криза. Многу делови на светот во моментов доживуваат таква една економска криза, и не се малкумина кои се согласни со тоа, дека причината за неа е длабока духовна и морална криза.

Папата е уверен дека Куба ќе вложи напори да ги обнови и прошири своите хоризонти. Кон ова придонесуваат „големото наследство на духовни и морални вредности“ на земјата и луѓето во неа, изјави Бенедикт Шеснаесетти.

На мисата под отворено небо на која присуствуваа 200.000 верници папата ги повика Кубанците да формираат „отворено и обновено општество“. Луѓето „со оружјето на мирот, простувањето и разбирањето“ треба да придонесат за подобрување на ситуацијата.

Денеска во главниот град Хавана, Бенедикт Шеснаесетти ќе се сретне со претседателот на државата Раул Кастро. Доколку постои можност папата ќе се сретне и со неговиот претходник Фидел Кастро. Утре папата ќе одржи богослужба во Хавана, по што ќе отпатува за Рим.

Критики за марксизмот

Со нетрпение се очекува дели папата во Куба ќе се произнесе и за политички прашања. За време на летот кон Мексико, каде Бенедикт Шеснаесетти ги мина последните денови, папата криткуваше дека марксизмот на Куба не е во тек со времето.

Papst zu Besuch in Kuba
Бенедикт 16. и Раул КастроФотографија: Reuters

Министерот за надворешни работи на Куба Бруно Родригез ја релативираше критиката на папата со зборовите, дека владата ги почитува сите мислења и дека е подготвена за „корисна“ размена на мислења. На опозиционерите меѓутоа им се закани: „Оние кои сакаат да ја попречат посетата на папата, нема да успеат“. Папата ќе наиде на еден патриотски народ, горд на својата независност и својата демократија.

Раководството на Куба, според извори на опозицијата во земјата, изминатите денови ставило во притвор повеќе од 150 критичари на режимот. Освен ова дисидентите се попречувале да ги напуштат домовите. Според извори од Ватикан, папата за време на постетата на Куба нема да се сретне со претстваници на опозицијата.