1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бенедикт 16 ја заврши посетата на Полска

29 мај 2006

Со посетата на поранешниот нацистички логор Аушвиц папата Бенедикт 16 ја заврши четиридневната посета на Полска. Поглаварот на Римокатоличката црква кој потекнува од Баварија, во Аушвиц им оддаде почит на убиените жртви од страна на Националсоцијалистите. Неговата посета на Аушвиц, Евреите во Полска ја очекуаваа со голема напнатост и овој чекор го позравија како важен гест.

https://p.dw.com/p/Ae1O
Папата Бенедикт 16 во Аушвиц
Папата Бенедикт 16 во АушвицФотографија: picture-alliance/dpa

Видливо погоден папата Бенедикт 16 беше во така наречената смртоносна зона на поранешниот концентрационен логор Аушвиц Биркенау, каде систематски беа убивани околу еден и пол милион луѓе пред се Евреи од цела Европа. Тој дојде за на тоа место на незамислива болка да се помоли за милост и помирување, рече папата пред преживеаните од Аушвиц „На ова место на ужас да се зборува за собирање на грешки против Господ и луѓето без паралела во историјата е речиси невозможно – обено е тешко за еден Хриостијанин, еден папа кој доаѓа од Германија. На ова место недостасуваат зборови, може да има само потресно молчење, молк кој е внатерешен повик до Господ: Зошто молчеше? Зошто го поднесе сето ова? Ова молчење се претвара во гласна молитва за прошка и помирување, во еден повик до живиот Господ, за никогаш повеќе да не дозволи да се случи вакво нешто.“

Папата Јован Павле Втори таму стоеше како син на полскиот нарот, тој Бенедикт 16 сега стоеше како син на германскиот народ, морал да дојде бидејќи тоа е обврска кон вистината и како праведност кон оние кои страдаа.

„Господе, ти си Гопсод на мирот. Ти самиот си мир. Срце кое е зависно од кавги, не те разбира. Насилна смисла не може да те сфати. Дозволи сите да живеат во слога, во мир и сите што се поделени повторно да се смират.“

Пред спомненикот на сеќавањето за убиенти Евреи во Аушвиц, папата Бенедикт 16 зборуваше за место на кое посебно треба да се сеќаваме. Претходно Светиот татко во така наречениот двор на убиства во логорот Аушвиц запали свеќа во знак на помирување и живот. За неколку минути папата се помоли и во смртната ќелија на Максимилијан Колбе. Свештеникот на францисканската црква во 1941 година при една акција на СС трупите го загуби животот наместо неговиот созатвореник и семеен татко Франтишек Гајовничек. Јован Павле Втори во 1982 година го прогласи Максимилијан Колбе за Светец.

Папата Бенедикт 16 доцна синоќа ја заврши посетата на Послка. Поглаварот на Римокатоличката цркава од аеродромот во Краков се врати во Рим, претходно за неговата посета му се заблагодари и полскиот претседател Лех Качински „Уште еднаш се заблагодаруваме кај Тебе, Свет татко, за се што за нас жртвуваше. Уште од денеска Република Полска и полскиот народ чека на наредната средба со тебе на полско тло. Ние сме благодарни.“