1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

111111 Schuldenkrise Europa Asien

11 ноември 2011

Времето за половични решенија е поминато, изјави претседателот на Светската банка Роберт Зелик и предупреди од недоволно решителни потези во должничката криза, посебно кога е во прашање Италија.

https://p.dw.com/p/138uD
Фотографија: dapd

Денеска конечно малку се опоравија курсевите на берзите во Хонг Конг. Но, може ли да се води нормален бизнис во мигот кога се шпекулира за банкрот на Италија?

„Она што ги преокупира инвеститорите, тоа е новата димензија на Италија во должничката криза. Она што ги вознемирува е фактот дека Италија е преголема за да падне, но и преголема за да се скрие под европскиот чадор за спас.“

Италијанскиот земјотрес се чувствува дури до Хаваите. Кризата се надви како сенка над средбата на АПЕК-земјите. Конечно, покрај должничката криза, сега на еврозоната и’ се заканува евентуално и долга рецесија.

„Дури и ако Европа се стабилизира, стопанскиот пораст ќе претрпи штети веќе поради обемот на кризата. Затоа би било многу мудро земјите, кои имаат можност, да преземат мерки против тоа. Пред се’ Азија би требало да стори нешто. Тоа би било најдобро за светската економија, а би делувало и како еден вид вакцина за азиските земји против европската криза.“

Во Европа, пак, денеска се пишува нова страница во должничката драма. Италијанскиот Сенат го усвои за пакетот мерки за штедење на премиерот Берлускони. Но, одлуката на Сенатот веројатно нема да и’ стави точка на кризата.

Автор: Јан Палокат / Горан Чутаноски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

Прилогот можете да го погледнете и како Видео на денот!