1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бериша:независноста на Косово-веројатно еднострано решение

30 септември 2007

*

https://p.dw.com/p/BlK6

Албанскиот премиер Сали Бериша на седница на владата признал дека шансите за постигнување компромис за статусот на Косово се минимални.Независноста на Косово се движи во правец на еднострано решение,рекол Бериша,апелирајќи до светските сили тоа да биде во соработка со нив.

Ова решение е условено од ставовите на Русија во Советот за безбедност,која според се ќе го употреби правото на вето против независноста на Косово.Бериша смета дека Русија не е единствен проблем,зашто постојат и други земји кои се плашат од верижен ризик на сеператистички идеи.