1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Берлинале: Во кино и на забава

К.Гена/Р.Фер/ А.Трајковска16 февруари 2014

Берлин изминатите денови беше во филмска треска - на фестивалот Берлинале беа прикажани преку 400 филмови. Но, актерите и филмските режисери не седат само немо пред филмското платно, туку и се забавуваат.

https://p.dw.com/p/1B90L
Фотографија: DW/Eva Usi

Ноќен мир - тоа за време на Берлиналето речиси не постои. За ѕвездите, по филмската премиера започнува вистинската забава.

Директори за кастинг, актери, режисери: Листите на гости на забавите на Берлиналето се читаат како одјавна шпица во кино.

Големата средба на луѓе од браншата за некои претставува забава, за други е главоболка.

„Забавите се ужасни, страшни. Постојано луѓето се површни, се лажат едни со други, дека убаво изгледаат и слично. Јас ги мразам забавите. Затоа постојано одам на забави“, вели филмскиот режисер Роза фон Праунхајм.

„Убаво е што сите се овде од иста причина. Овде сите ги сакаат филмовите и сите разговараат за филмови. Извонредно“, смета британскиот актер Том Пејн.

„Овде се среќаваат луѓето кои ги прават филмовите и кои дале пари за нив. На тој начин се создаваат филмови. Затоа е многу важно да се биде тука и тоа е прекрасно“, вели Клеменс Шик, кој настaпи во три филма на Берлиналето

На Потсдамер плац чука срцето на фестивалот. Во хотелот Риц Карлтон се одржува прием за филмската бранша, на кој не секој има пристап. Ловците на автограми мораат да останат пред врата.

Berlinale 2014 Filmstill Kreuzweg Filmplakat
Плакат за филмот „Крстопат“

Тука е Ана Бригеман. Ова Берлинале е за неа нешто посебно. Како автор на сценарио таа годинава првпат со еден филм стигна до главната конкуренција за Златната мечка.

„Извонредно е бидејќи се има чувство: Да и јас смеам да бидам тука. Јас имам целосна легитимација да се движам тука и да бидам фотографирана. Инаку, кога си тука, те фотографираат, но јас секогаш се чувствувам малку како измамник, а овојпат мислам: Да, да сега смеам и јас. Сега смеам да носам кармин и така да изгледам.“

Претпладнето: Ана Бригеман апсолвира термин по термин. 32- годишната девојка која живее во Берлин веќе 17 години работи како актерка. Стресот околу филмскиот фестивал ѝ е познат.

„Навистина е составен дел да се даваат интервјуа, да се даваат многу интервјуа. Составен дел е да се оди на приеми и така натаму, мора да се оди кај некои поддржувачи на филмот или слично. Или си поканет, тогаш исто така се оди таму. И за нас дамите составен дел е во таа прилика да изгледаме убаво“, вели Бригеман.

Со своето присуство Ана Бригеман го промовира својот филм „Крстопат“. Затоа и неофицијалните термини навечер не се слободно време.

Berlinale Dietrich Brueggemann und Anna Brueggemann
Ана БригеманФотографија: Getty Images

Распределени низ главниот град: секоја вечер забави и приеми. За време на Берлиналето 20.000 професионалци од филмската бранша се среќаваат десет денови во Берлин.

Во Музејот за комуникација слави јавниот сервис АРД. Меѓу гостите се актери и филмски работници, кои со своето присуство се заблагодаруваат за налозите и ангажманот.

Тоа значи и: Славје пред камерите на фотографите - и пред очите на налогодавачите.

Јесика Шварц, актер и ТВ- модератор истакнува: „Тоа е малку работа, но се разбира тука е и задоволството. Мислам, при која работа смее да се пие вино?“

Актерот Марио Адорф пак вели: „Можеби ќе ме види некој продуцент и ќе ми понуди некоја улога. Не сум затоа овде. Тука сум дојден за да бидам дел од оваа манифестација“.

Eröffnung Berlinale 2014
Марио АдорфФотографија: picture-alliance/dpa

Назад кај Ана Бригеман и нејзината кулминација на фестивалот: премиерата на најзиниот филм „Крстопат“.

Потоа нема пауза за воздишка: Се оди на забавата по премиерата - со филмскиот тим, семејството и пријателите.

Конечно авторката на сценариото има малку време за приватни разговори. „Целиот ден беше навистина лудило. По премиерата бев релативно исцрпена и сега сум повторно радосна што овде има и мои пријатели. Но наскоро ќе си одам дома, бидејќи утре во 8 часот и 15 минути повторно морам веќе да сум во такси и да се возам за следното интервју“.

Дали забави по премиери или приеми за ѕвезди - едно е јасно: За време на Берлиналето штета е да се преспијат ноќите.