1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Берлин – безредија

1 мај 2007
https://p.dw.com/p/Ag8j

Во Берлин во текот на ноќта дојде до судири меѓу полицијата и учесниците на демонстрациите одржани по повод први мај. Притоа, според полициски наводи, уапсени биле 60 демонстранти. Насилниците во текот на собирот почнале да фрлаат со камења и шишиња врз полицајците. Претходно, неколку стотини луѓе во квартот Фридрихшајн во предвечерјето на први мај, прославувале мирно. Безредија по повод први мај во Берлин се случуваат веќе две децении. Полицијата оцени дека во споредба со минатите години, овојпат безредијата не биле многу големи.