1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Берлин: Владата му предложи на Бундестагот да ги одобри преговорите со Србија

ЕМФ/бета30 мај 2013

Германската влада му предложи на Бундестагот да го одобри утврдувањето на датумот за почеток на пристапни преговори меѓу Србија и ЕУ, јавува агенцијата Бета.

https://p.dw.com/p/18hN5
Фотографија: AP/Montage DW

Државниот министер во Министерството за внатрешни работи Михаел Линк во понеделникот (27.05) му упатил соодветно писмо на претседателот на сојузниот парламент - Бундестагот, Норберт Ламерт.

Во текстот, како што јавува Бета од Берлин, се вели дека „од перспектива на германската влада биланост на реформите што ги спровела Србија е доволен за почеток на пристапни преговори, доколку Србија преземе видни и трајни чекори за спроведување на договорот од 19 април“.

„Почетокот на пристапни преговори, со наведените мерки, според мислењето на сојузната влада, би придонесол за продолжување на процесот на нормализација меѓу Србија и Косово и би бил придонес кон натамошна стабилизација на регионот“, наведено е во писмото упатено до претседателот на Бундестагот.

Според досегашните најави, Бундестагот најверојатно на 27 јуни би требало да се изјасни за давање датум на Србија за почеток на преговори со ЕУ.