Берлин-конференција против смртоносните болести
27 септември 2007Реклама
Германската канцеларка Ангела Меркел денеска во Берлин ќе ја отвори меѓународната конференција за борба против СИДА, маларија и туберкулоза. На средбата ќе присуствуваат претставници на 30 земји донатори во глобалниот фонд кои се очекува да одвојат пет милијарди евра за борбата против овие болести во наредните три години. Германскиот министер за развој Хајдемари Вичорек Цојл најави дека Германија за оваа цел ќе одвои 600 милиони евра. Трите болести годишно се причина за смрт на повеќе од 6 милиони луѓе во светот.