1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Берлин: Мисијата на Косово продолжена

ЕМФ/ртр/дпа25 мај 2012

Германскиот парламент денеска (25.05.) по расправата ја продолжи мисијата на Бундесверот на Косово. Мисијата е продолжена за една година.

https://p.dw.com/p/152Bj
Фотографија: picture-alliance/dpa

Во иднина на Косово би требало да бидат стационирани до 1.850 германски војници. Во моментов, НАТО на Косово има околу 6.200 војници. Најголем е германскиот контингент со 1.300 војници.

Германските војници, пак, кои беа испратени на Косово дополнително пред одржувањето на изборите во Србија, денеска во текот на денот треба да се вратат назад. Портпарол на министерството за одбрана во Берлин изјави дека 160 војници денеска треба да се вратат во Штутгарт, а останатиот дел ќе остане на Косово до почетокот на јуни.

Баталјонот се состоеше од вкупно 500 германски и 150 австриски војници. Војниците беа испратени во регионот превентивно, поради тоа што НАТО и ЕУ проценија оти силите на КФОР пред изборите во Србија не се доволни за да спречат можни судири на Косово.