1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бернар Кушнер во Ирак

20 август 2007

*

https://p.dw.com/p/BW0X

Францускиот министер за надворешни работи Бернар Кушнер пристигна во посета на Багдад . Ова е прва посета на висок француски функционер на Ирак од почетокот на американската инвазија во 2003-та година . Министерот Кушнер со посетата најстојува да ја истакне подршката на Франција за ирачкиот народ. Тој треба да се сретне со претставници на различни етнички заедници во Ирак . Франција припаѓаше кон жестоките противници на американската инвазија на Ирак , но новиот претседател Никола Саркози сега настојува да ги подобри односите со Вашингтон.