1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Библиотеките – огледало на државата

1 април 2011

Во Македонија библиотеки имаат национален и локален предзнак. Постои програма за дигитализација, но дел од нив и денес работат во субстандардни услови. Апсурдно, но вистинито, што покажува и библиотеката во Охрид.

https://p.dw.com/p/R90t
Библиотеката „Глигор Прличев“ во ОхридФотографија: Milco Jovanoski/DW

Дваесет години по осамостојувањето Македонија може да се пофали дека библиотекарството е највисоко стандардизираната област во општеството. Државата навреме ја сфати улогата на библиотеките. Донесе посебен закон, а со децентрализација ги уреди сопствените права и обврски, вели Миле Бошевски, директор на Националната библиотека „Свети Климент Охридски “:

„Државата водеше сметка со децентрализацијата библиотеките да не ги препушти целосно на локалната самоуправа . Значи и тие преживуваат еден транзиционен период. . Го задржа финансирањето на платите на вработените, а еден дел е препуштен на локалната самоуправа. Ќе биде вака се додека држаата не констатира дека општините се способни да го издржат функционирањето на овие институции. За да не се случи да се ризикува во некоја општина да нема средства и некоја јавна библиотека да биде затворена. Досега нема таков случај“

Mazedonien Bibliothek Ohrid
Директорот на библиотеката во Охрид, Тоде ИлиескиФотографија: Milco Jovanoski/DW

Проблеми со простор, кадар и нова литература ....

Економската криза, скудниот буџет за набавка на нови книги, бавното освојување на нови форми на блискост со читателите, рапидно го намали нивниот интерес за храмовите на книгата. Бошевски признава дека во неколку библиотеки има проблеми со просторот и кадарот :

„Библиотеката во Крушево има таков проблем, во Кратово, библиотеката во Богданци, без доволен простор се и библиотеките во Берово и Пехчево. “

Охрид практично е без библиотека која ја заслужува

Но, на оваа листа со децнии е и Националната установа Библиотека „Григор Прличев “ од Охрид. Апсурдно , но вистинито, градот на православието и сесловенството просто се срами од немањето соодветен библиотечен простор. Старата зграда се сруши. Библиотеката премина во далеку помал времен простор, а од новиот ни трага ни глас, признава директор Тоде Илиески :

„Сега имаме само 270 метри квадратни . Ова е далеку од сите светски стандарди и тоа е простор само за преживување. Колку да се рече дека и Охрид има сеуште библиотека .“ .

Mazedonien Bibliothek Ohrid
Книжевниот фонд на библиотеката во ОхридФотографија: Milco Jovanoski/DW

Минимум по сите стандарди идната охридска библиотека би требало да зафаќа еден километар квадратен, вели Илиески и додава :

„Сега просторот е претсен . За барем да имаме минимум два оддели – еден за возрасни , друг за деца и млади. Немаме апарати кои ќе ја регулираат температурата и влагата кои ќе овозможуваат здрава книга за луѓето што работат со книгата и за читателите. “

Започна дигитализацијата на библиотечната вредна оставнина

За разлика од оваа, во Македонија има библиотеки кои апсолутно се на европско ниво , ни рече Бошевски . Такви се библиотеките во Струмица, Кавадарци, Радовиш , Штип и особено библиотеката во Битола. Националната библиотека отпочна со дигитализацијата на книжниот фонд, усвоена е и стратегија:

Nationalbibliothek und Uni-Bibliothek in Skopje, Mazedonien
Национална и универзитетска библиотека „Св Климент Охридски“Фотографија: Petar Stojanovski

„ Не брзаме со дигитализацијата. Зашто на почетоков се работи со ракописи од тринаесеттиот век, па наваму , се работи за ретки книги и мора да се внимава да не се оштети тоа што се дигитализира. “

Македонија е членка на Европската електронска библиотека и на Дигиталната библиотека на Европа. Од таму се добиени високи оценки за стартот на дигитализацијата на библитечното наследство. Со една нога е во Европа, а со другата сеуште на Балканот.

Автор: Милчо Јованоски

Редактор: Симе Недевски