Бизнис со ветер за добра заработувачка
29 јули 2012На пат тргнува еден џин висок 65 метри и тежок 900 тони. Тоа е троножен носач за една ветерница на отворено море. Наскоро ќе стои во Северното море. Таму ќе го однесе еден понтонски брод.
Транспортот на толку големи товари е нов предизвик за стручњаците од логистичката компанија БЛГ. „900 тони. Кога човек превезува такво нешто?", вели еден од вработените во фирмата.
Инвестиција во иднината
Во текот на товарењето владее голема тензија, дури и директорот е на пристаништето. Оваа компанија доаѓа авто-логистиката, но кога во 2008-ма дојде до пад на побарувачката на тој пазар, БЛГ влезе во бизнисот со енергија од ветер.
„Кога одлучивме тука да изградиме логистика, тоа беше инвестиција во иднината, а се' уште сме на почетокот. Инвестиравме 20 милиони евра во овие пловила, овие возила и така натаму.", вели Андреас Велброк, директор во „ BLG Wind Energy Logistics“.
До 300 вакви троножни носачи за ветерни електрани годишно би требало во иднина да бидат транспортирани од Бремерхафен. Овој концерн така создава друга потпора. Малите корекции се извршуваат на лице место.
Целта е: годишен промет од 100 милиони евра за сервис и логистика поврзани со ветерните електрани.
Многу добар бизнис
До крајот на 2013 би требало да се испорачаат 80 троножци во германскиот ветерен парк Боркум запад 2,5 километри од брегот. Тој парк на ветерници чини вкупно една милијарда и 600 милиони евра. Една четвртина од тоа оди во претпријатието за логистика. Среднорочно БЛГ сака една десетина од прометот да го остварува на ветерните електрани.
Првото товарење траеше 8 часа, тоа секако треба да се фотографира за спомен.
„Прекрасно е да се гледа дека се функционира како што треба, дека подготовките се добро завршени и колегите се горди.", истакнува Андреас Велброк.
Уште 2 троножни носачи треба да се натоварат и тогаш почнува 12 часовно возење до ветерниот парк. Користењето на обновливите извори на енергија е голем предизвик и многу добар бизнис.