1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Билет во еден правец за Македонија

Александар Чомовски10 ноември 2005

Можете да очекувате пристап кон ЕУ во догледно време,нема прецизни крајни рокови за таквите одлуки,рече еврокомесарот за проширување Оли Рен на одржаната прес конференција денеска во Скопје.

https://p.dw.com/p/AcBO
Оли Рен:нема крајни рокови за прием
Оли Рен:нема крајни рокови за приемФотографија: dpa

Еврокомесарот се согласи со премиерот Бучковски дека вчерашната одлука на ЕК е македонски билет во еден правец.Околу следниот чекор Оли Рен рече:

„Нема крајни рокови за вашиот прием.Следниот чекор на отвореност на реформите ќе зависи од степенот на остварување на реформите во Македонија.Брисел и ЕУ не ги интересираат само зборови,туку и напредок во преобразбата на економскиот и политичкиот амбиент во Македонија,рече Оли Рен.

Тој на прашањето на новинарите околу македонско грчкиот спор избегна дециден одговор,потенцирајќи дека тоа е билатерален спор,кој не може да влијае околу европската апликација на Македонија.Оли Рен на отворената седница на владата денеска уште рече:Напредок во владеењето на правото,реформи во судството и уставните промени се приоритет на македонската влада,како и борбата против корупцијата.