1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бил Гејтс повторно најбогат човек

АТ/ дпа17 мај 2013

Возбудлива трка во светскиот врв на мега милијардерите: Основачот на „Мајкрософт“ Бил Гејтс според индексот на Блумберг повторно е во преднoст - неговите акции се покачуваат со голема брзина.

https://p.dw.com/p/18ZuP
Фотографија: Reuters

Ако им се верува на проценките на финансиската агенција Блумберг, Бил Гејтс е најбогатиот човек во светот. На индексот на милијардери на Блумберг основачот на „Мајкрософт“ го надминал мексиканскиот тајкун Карлос Слим Хелу. Имотот на Гејтс се проценува на 72,7 милијарди долари, додека на Мексиканецот на 72,1 милијариди долари.

Причина за ваквиот развој според Блумберг е покачениот курс на акциите на „Мајкрософт“. Наспроти ова имотот на Карлос Слим Хелу беше погоден од нов закон во неговата татковина, кој треба да ја скрши моќта на пазарот на претпријатието за телекомуникации.

Блумберг секојдневно ја актуализира својата листа. Според листата на американскиот магазин „Форбс“ која се објавува еднаш годишно пак (последен пат во од март годинава) Карлос Слим Хелу е водечки милијардер со 73 милијарди долари, пред Гејтс со 67 милијарди долари и модниот гигант Аманико Ортега („Зара“) со 57 милијарди долари. На четврто место е иконата од Вол стрит Ворен Бафет со 53,5 милијарди долари.