1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Битбоксот е голема уметност“

Доротеа Престин/ Симе Недевски30 април 2012

Неодамна во германскиот главен град Берлин се оддржа Светскиот шампионат во битбокс. Врвниот натпревар во оваа фантастична вештина и во машка и во женска конкуренција мина целосно во знакот на бугарските битбоксери.

https://p.dw.com/p/14jDk
Фотографија: K.Mellander

Речиси и да нема шум што еден битбоксер не може да го имитира со својата уста. Во еден берлински клуб најдобрите ги одмеруваат силите, на Светското првенство во битбокс.

Таму е и шампионката на Австрија, Сара Сидлецка, позната како СаРа.

И Јарно Бент, накратко Ибара, холандскиот првак.

„Нивото на битбоксување е многу високо и притисокот навистина ги кине нервите“ , вели Ибара.

„Се’ едно е дали ќе се победи или не. Тоа причинува екстремно задоволство и е слично како возење на ролеркостер“, објаснува СаРа.

Мултијазична уметничка форма

Пред седум години СаРа започна со битбоксот. Трикратната австриска шампионка на последното Светско првенство го освои третото место. Во бекстејџот таа се подготува за својот настап.

Hip Hop World Challenge 2005
Фотографија: PA/dpa

„Јас мислам дека пред да се излезе на сцена човек нема време да размислува, излегуваш, се надеваш дека нема да ти е сува устата и едноставно почнуваш“.

Сега станува сериозно, во првата рунда секој од вкупно 88-те натпреварувачи има 2 минути време да го увери 5 членото жири во своите квалитети. Тие излегуваат на битбокс сцената и ги оценуваат со бодови во 5 категории, како на пример - техника и креативност.

Основач на Светското првенство во битбокс е берлинскиот битбоксер Би Лоу. Веќе 10 години тој редовно организира натпревари од ваков тип.

„Битбоксот како уметничка форма е мултијазичен. Имаме една предност - повеќето комуницираат на англиски бидејќи и на интернет комуницираме меѓусебно. Меѓутоа кога ние како битбоксери правиме звуци е се‘ едно дали некој е од Јоханесбург, а друг од Норвешка. Комуницираме со звуци и битови и во тоа е убавината, тоа како јазик не‘ држи заедно и тоа е едноставно супер“, објаснува Би Лоу.

Безграничноста е адутот на битбоксот

СаРа и двократниот холандски битбокс шампион Ибара допатуваа во Берлин еден ден порано. Светското првенство за нив е и добра можност да разменат искуства со останатите битбоксери. Ибара раскажува:

„За мене најважната работа кај битбоксот е безграничноста. Кога на пример свирите на пијано, се’ што добивате се пијано-звуци, но со битбоксот вие можете да ги направите сите оние работи кои другите музичари не се во состојба да ги направат“.

Avantgarde-Sängerin Sainkho-Namtchylak und polnische "Beatboxer"
Фотографија: DW

Вкупно 34 земји се застапени на Светското првенство во битбокс. Од 73 машки напреварувачи, само 16 продолжуваат во следната рунда. Ибара не е меѓу нив.

„Кога нема да се пласираш понатаму е секако разочарувачки, но тоа е животот. Но тоа разочарување може да биде мотивација следниот пат да успееш“, вели холандскиот првак.

Бугарите „растурија“ на СП

Повеќе од 1.000 посетители дојдоа на Светското првенство во битбокс, а околу 150.000 го следеа преносот во живо на интернет. Битбоксот станува се’ популарен.

„Животниот стил, луѓето, тоа што се заедно, тоа е едноставно семејство“.

„Јас сум фасцинирана, бидејќи јас тоа воопшто не знам да го правам, тоа е едноставно фасцинантно“.

„Мене тоа ми изгледаше, како некоја голема уметност.“
СаРа успеа да го мине прелиминарниот круг и во осминафиналето се среќава со нејзината најсилна конкурентка, Бугарката Пе4енката.

Австријката дава се‘ од себе, но мора да го признае поразот.

„Си мислев дека ќе влезам меѓу првите осум. Денеска конкуренцијата беше многу посилна отколку пред 2 години“.

По околу 10 часа познати се победниците - Бугарката Пе4енката е новата светска шампионка.

И во машкото финале победи битбоксер од Бугарија - Скилер. Двојна победа за Европа.