1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Битка за четвртфиналето во Лигата на шампионите

6 март 2012

Денеска и утре (06/07.03) се играат првите реванш дуели од фудбалската Лига на шампиони во нокаут-фазата. Милан и Барселона со една нога веќе се меѓу осумте најдобри.

https://p.dw.com/p/14FkR
Момент од мечот Бајер-БарселонаФотографија: AP

Првите реванш-осминафинални натпревари во фудбалската Лига на шампиони, на програмата се денеска и утре. По одигрувањето на овие средби ќе бидат познати и првите четири екипи кои ќе обезбедат пласман во четвртфиналето.

Најблиску до пласман меѓу осумте најдобри е италијанскиот првак Милан кој на „Емирати“ во Лондон кај Арсенал, влегува со предност од 4 голови по првиот натпревар (4:0).

Многу понеизвесно се очекува да биде на вториот вечерашен натпревар во Лисабон, на кој Бенфика ќе ја „брка“ негативата од 2:3 во дуелот со Зенит.

Двата натпревара се играат од 20 часот и 45 минути, термин во кој утре своите реванш осминафинални дуели ќе ги одиграат Барселона - Бајер Леверкузен (3:1 на првиот натпревар) и АПОЕЛ - Олимпик Лион (0:1).

Преостанатите четири средби од оваа рунда на програмата се следната седмица.

Автор: БГ/миа

Редактор: Е.М.Фиданоска