1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Битлси во срцето и по половина век

Волфганг Фелкел/ Симе Недевски17 септември 2013

Пред половина век започна да се шири вирусот на „бубачките“ од Ливерпул, кој предизвика треска во целиот свет. Се разбира, од пандемијата не беше поштедена ни Германија.

https://p.dw.com/p/19VdM
Фотографија: picture-alliance/dpa

Битлси. Во 60-тите години тие ширум светот предизвикаа неверојатна треска, т.н. битлманија. До денес нема поуспешен бенд од нив.

Клаус-Дитер Мајер, Дорис Шулте и Ото Радемахер од фан-клубот на Битлси во Вупертал уште се фасцинирани од четворицата Британци. Клаус-Дитер се сеќава: „Музиката, која одеднаш се појави на радио, беше многу необична, битно различна од вообичаената музика на германските шлагери од тоа време. И тоа беше многу привлечено. Ја слушнеш ли вторпат, веднаш се обидуваш да потпевнуваш; најчесто погрешно поради непознатиот јазик, но сепак беше нешто навистина посебно. Тоа се чувствуваше.“

Неописливи моменти

Flash-Galerie Beatles 50 Jahre Hamburg Konzert Jubiläum
Фотографија: AP

Веќе речиси 50 години овие обожувачи на Битлси секој четврток се среќаваат со други фанови на бендот во Вупертал. Џон, Пол, Џорџ и Ринго се нивниот живот.

„Кога бев млад, Битлс-треска владееше пред сѐ дома, каде ни родителите не негодуваа секогаш, кога истата плоча се вртеше по седми пат. Во јавноста битлманија во прв ред се случуваше онаму каде што имаше џубокс. Честопати тоа беше во слаткарниците, каде и ние младите одевме да купиме што е можно поефтин сладолед, за да ни остане некоја паричка повеќе, да можеме да пуштаме да свири некоја плоча“, раскажува Клаус Дитер.

Во 1966 година Битлси дојдоа на блиц турнеја во Германија и предизвикаа неверојатна хистерија. Дорис раскажува: „Отсекогаш сонувавме, Битлси еднаш да дојдат во Германија. И, конечно се случи. Беше неописливо. Сакав по секоја цена да одам, но кажаа дека картите се распродадени. Јас тогаш плачев затоа што безусловно сакав да одам. И, татко ми мѝ обезбеди карти. Како стигнал до нив, навистина не знам.“ Дорис е посебно горда на уште едно нешто: „Тогаш Пол ја пееше и ’Јестрдеј‘. Јас почнав многу гласно да викам: 'Пол', и тој ме слушна, убедена сум во тоа.“

12.08.2013 deutschland heute 3. beatlemania

Битлманијата живее до денес

Фанклубот во Вупертал е најголем и најстар во Германија. Членовите дури ги откупија правата за филмот за концертот на Битлси во Минхен во 1966 година.
„Тоа е луд филм. Успеавме да ја наговориме минхенската полиција да ни го даде оти безусловно сакавме да видиме каква била битлманијата во градот тогаш. Но, и целиот амбиент - како Битлси излегуваат од авионот, двајца дури и со традиционални баварски капи. Тоа беше навистина супер“, вели Ото Радемахер.

На настапите на Битлси, редици луѓе во Германија паѓаа во безсознание.
„Кога денес пуштам плоча, ги имам истите чувства исто како пред 50 години. И, веднаш се расположувам.“ вели Дорис. Битлси остануваат феномен се’ до денес.