1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Битола и Солун најавуваат „братска“ соработка

БГ/миа23 мај 2012

Првата средба на градоначилниците на Солун и Битола мина во пријателска атмосфера. Договорени се заеднички проекти.

https://p.dw.com/p/150wb
Јанис БутарисФотографија: picture-alliance/dpa

Градоначалниците на Солун и Битола, Јанис Бутарис и Владимир Талевски денеска потпишаа Декларација за партнерски настап на двата града во рамки на програмата ИНТЕРРЕГ со заеднички проект „Културни индустрии“, јави известувачот на МИА од Солун.

„Разговаравме за повеќе теми кои ќе резултираат со заедничка стратегија. И покрај тоа што двете држави имаат некои политички разлики, сепак двата братски народа имаат многу врски што треба да се развиваат“, изјави Бутарис по средбата во Солун.

Битолскиот градоначалник Талески смета дека соработката на двата града е во интерес и на македонските и на грчките граѓани.

„Апсурдниот проблем што се наметна, уверени сме дека ќе се надмине и животот на сите од двете страни на границата ќе биде поубав“, изјави градоначалникот на Битола.

Тој на својот грчки колега Бутарис му подари икона со свети Нектариј Битолски и Грбот на Битола.

Ова е прва официјална средба на двајцата градоначалници и на неа се разговараше за неколку заеднички проекти на Солун и Битола. Општина Битола, освен со Солун, директна соработка има и со уште неколку други грчки градови - Лерин, Воден и Костур.