БиХ и Србија - Состанок без видливи резултати | Свет | DW | 07.12.2017

Свет

БиХ и Србија - Состанок без видливи резултати

Посетата на тричленото Претседателство на БиХ на Белград ги фрустрираше и најголемите оптимисти во поглед на регионалните односи. По посетата, можат само да се очекуваат нови размени на меѓусебни обвинувања.

Serbien - Besuch von bosnischen Präsidium in Belgrad (Getty Images/AFP/A. Isakovic)

Ако може да се каже нешто позитивно за посетата на тројцата членови на Претседателството на БиХ на Србија, тогаш тоа е фактот што посетата воопшто беше реализирана. Имено, се очекуваше Србија, како дел од најавениот одговор кон Бакир Изетбеговиќ, да ги откаже предвидените средби. Сепак, тоа не се случи. Посетата, пресметана да доведе до смирување на тензиите по изјавата на бошњачкиот член на Претседателството, Бакир Изетбеговиќ во интервјуто за Дојче веле за признавање на Косово, како и по последните пресуди на Хашкиот суд, на некој начин само дополнително ги компликуваше односите.

Сѐ започна уште на прес-конференцијата по заедничката средба со српскиот претседател Александар Вучиќ. Претседавачот со Претседателството на БиХ, Драган Човиќ нагласи дека се разговарало за разграничувањето на двете земји, за што биле предложени добри модели, како и дека ставот на БиХ во однос на Косово е идентичен со српскиот. Реагираше Бакир Изетбеговиќ во форма на „објаснување“, наведувајќи „дека го замолил Човиќ тоа да го изнесе како свој став, а не став на Претседателството и дека надворешната политика на Бих ќе се води во Сараево“. Драган Човиќ, според српските медиуми, трипати го прашал Изетбеговиќ дали се согласува со таквиот став на БиХ во однос на Косово и тој трипати одговорил потврдно.

Прво на тоа реагираше српскиот претседател Вучиќ: „ете, така изгледа сето и во поглед на границите и во поглед на Косово“, а далеку поостар беше министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ, со констатацијата дека „презирните насмевки на Човиќ и Вучиќ кажале сѐ“. А ако поентата била да му се даде за право на претседателот на Република Српска, Милорад Додик, кој побрза да каже дека „Изетбеговиќ со своето однесување ја покажа целосната дезорганизација на БиХ“, тогаш и таа цел е постигната. 

Serbien - Besuch von bosnischen Präsidium in Belgrad (Getty Images/AFP/A. Isakovic)

Појаснување и иронична насмевка

Дисонантно Претседателство на БиХ

„Состојбата во БиХ е таква што Претседателството најчесто се договора за тоа да не се договори за ништо“, оценува за Дојче веле Драган Ѓукановиќ, потпретседател на Форумот за меѓународни односи. „Ако се во прашање надворешните граници, очигледно тоа не е договорено во БиХ и најавите за брзо решавање на тоа прашање, би требало да се заборават. Со предложената формула не се согласува првенствено бошњачката страна.“ Во однос на Косово, Ѓукановиќ истакнува: „Косово не е единствена надворешнополитичка тема за која не постои согласност во БиХ и нејзиното Претседателство.“

Невозможно е во босанското Претседателство да се донесе некоја одлука која би била во заедничка корист, тоа стана јасно, вели за ДВ Александра Јоксимовиќ, шеф на Центарот за надворешна политика. „А за Србија е важно што демонстрираше добра волја и направи исчекор кон соработка со Претседателството на БиХ. Бакир Изетбеговиќ пак, се чини имаше желба и потреба да ја расипе на некој начин позитивната слика, да подвлече дека без бошњачкиот претставник во Претседателството нема никакви одлуки.“

Кога зборуваме за ставот за Косово, можно е дополнително појаснување и на однесувањето на Изетбеговиќ, напоменува Јоксимовиќ: „Евидентно е, кога зборуваме за БиХ, дека без вкупна согласност околу одредени надворешнополитички прашања е неможно постигнување промени на одредени ставови. Признавањето на Косово всушност не е тема во БиХ, со оглед на невозможниот консензус за неа. Тука зборуваме само за ставот на еден член на Претседателството, без можности да се избори за него.“

Повеќе на темата: 
Додик црта нови карти на Балканот

„Намерна грешка“ на медиумите во Србија?

Браќа во злосторство

Дијалог со нефункционална држава

Реакцијата на српскиот претседател Александар Вучиќ може да се толкува и вака: ние се договараме нешто, а потоа сите тие се враќаат во Сараево и таму секој продолжува по свое. Според Драган Ѓукановиќ, „ќе има уште многу вакви состаноци без суштинска промена на квалитетот на односите меѓу Сараево и Белград. Бројни вакви церемонијални состаноци без видливи резултати.“

Главоболката предизвикана од ваквиот развој на настаните може само да се засили, земајќи ја во предвид оценката на Драган Ѓукановиќ дека прашањата за границите и евентуално за Косово се само мало делче од нерешените билатерални проблеми, вклучувајќи ги и оние за трасата на автопатот Белград-Сараево, нерегулираниот статус на имотот на двете држави, статусот на бегалците од БиХ во Србија...

По реакцијата на официјалните српски лица, дополнува Александра Јоксимовиќ, можниот заклучок е дека „не е лесно да се комуницира со држава без своја внатрешна функционалност. Колку и да ви изгледа нешто за договорено, во моментот на враќање на домашен терен, сите тргнуваат во испраќање пораки до своето бирачко тело. Од тие причини, внатрешните политички антагонизми нараснуваат до степен што се чини дека никој од актерите и не сака постигнување договор, зашто тоа би се сметало за некој вид попуштање.“

Влијанието на Анкара

Случаен тајминг или не, но во Белград истовремено со тричленото Претседателство на БиХ престојува и турскиот министер за надворешни работи Мехмет Чавушоглу. „Незаобиколна е важната улога на Турција, како и нејзиното влијание врз бошњачките политичари“, смета Драган Ѓукановиќ.

„Турција на некој начин го диктира односот на Бошњаците кон соседите, што е дополнително оптоварување. Некако, се чини, Турција засилено се оддалечува од ЕУ, па можноста за усогласување и нормализација на односите на БиХ со соседите ќе се намалува. И тоа првенствено поради несомненото влијание на Анкара врз бошњачкото политичко раководство“, оценува Ѓукановиќ.

 

DW.COM

Albanian Shqip

Amharic አማርኛ

Arabic العربية

Bengali বাংলা

Bosnian B/H/S

Bulgarian Български

Chinese (Simplified) 简

Chinese (Traditional) 繁

Croatian Hrvatski

Dari دری

English English

French Français

German Deutsch

Greek Ελληνικά

Hausa Hausa

Hindi हिन्दी

Indonesian Bahasa Indonesia

Kiswahili Kiswahili

Macedonian Македонски

Pashto پښتو

Persian فارسی

Polish Polski

Portuguese Português para África

Portuguese Português do Brasil

Romanian Română

Russian Русский

Serbian Српски/Srpski

Spanish Español

Turkish Türkçe

Ukrainian Українська

Urdu اردو