1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Блескава оаза среде сообраќајна пустина

К. Харенброк/ С.Недевски25 декември 2013

Исплатливоста на супермодерниот мост кој ги поврзува Бугарија и Романија кај Видин е спорна, но во бугарскиот град не губат надеж дека еден ден навистина ќе профитираат од него.

https://p.dw.com/p/1AAGH
Фотографија: Dimitar Dilkoff/AFP/Getty Images

Европскиот пат 79 во Бугарија, меѓународен пат кој неа ја поврзува со остатокот на ЕУ. За камионите кои превезуваат стока за трговските партнери во северна и источна Европа, овој пат со бројни дупки е најкратката врска. Кој сака да ги избегне, мора да вози преку Србија, по нов, модерен и брз автопат во насока на запад. Многумина сепак претполагаат да возат по овие дупки.

„Не е добро да се вози низ Србија, тоа не е земја од ЕУ. Таму долго се чека на граница и мора да се помине комплицирана царинска постапка. Тоа чини 80 евра. Подобро е оттука.“, вели еден бугарски возач на камион.

Бугарската рута е омилена бидејќи има нов мост на Дунав кон Романија. Тоа е најскапиот градежен проект на ЕУ на Балканот. Мостот, кој е долг речиси 2 километра, чинеше 260 милиони евра. Тие пари би требало да се вратат преку патарина, која за автомобили изнесува 6, а за камиони 37 евра.
Мостот би требало да му донесе економски подем на подунавскиот град Видин. Изминатите години речиси една третина од жителите го напуштија градот, многу фабрики не работат. Регионот на Видин е најсиромашниот во ЕУ. Во општината веќе одамна се подготвени на посакуваниот економски бум поради мостот. Градоначалникот Герго Гергов планира да востанови зона за слободна трговија и индустриска зона непосредно до скапиот мост. Недостасуваат само заинтересирани инвеститори од приватниот сектор.

Deutsche Welle MazedonischTV Sendung 74 Europanorama
Фотографија: DW

„Ќе потрае уште 2 до 3 години додека да се исплати целиот економски потенцијал на мостот.“, вели Гергов.

Сашо Стојков, кој има своја шпедиција со 20 камиони до зградата на општината, очекува овој регион да стане централно место за претовар на стока од црноморското подрачје кон ЕУ. Откако е отворен мостот, неговата компанија има повеќе работа.

„За нас проблем преставуваат патиштата кои не поврзуваат со Софија. Тие треба да се обноват, да се реновираат.“, вели Маринела Станкова која работи во транспортното претпријатие Класик 2000 на Сашо Стојков
Мостот сѐ уште се наоѓа среде ништо. Врската преку Дунав може да биде вистински успех само со дополнителни пари од Брисел за изградба на патишта.